Бугарија профитираше од туристичкиот одлив во Турција
Објавено во: Балкан 17 Февруари, 2017
Бугарија профитираше поради масовниот одлив на туристи од Турција, по неуспешниот обид за државен удар и неговото задушување минатото лето.
Ова го потврди и Меѓународниот совет на аеродроми во Европа во својот годишен извештај за воздушниот сообраќај во 2016 година.
Значителен пад на туристичката побарувачка кон Турција го подобрил претставувањето на пазарот на аеродромите во Хрватска, Кипар, Бугарија, Грција, Португалија, Романија и Шпанија, пишува оваа организација.
Минатата година низ Софискиот аеродром поминале 4,98 милиони патници, што е за 21,8% повеќе од 2015 година. Зголемување има и во комерцијалните активности - со 18%, како и во преносот на товар со 14%.
Најфреквентен аеродром во Европа останува „Хитроу" во Лондон, низ која во 2016 година поминале 75,7 милиони патници, а зад него е парискиот „Шарл де Гол" со 65,9 милиони и Амстердам со аеродромот „Схипсхол" со 63 , 6 милиони патници.