27 Април, 2024
0.0267

Бугарите кои земале мито за да издадат пасоши на Македонци се ставени на црната листа на САД

Објавено во: Балкан 03 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

На црната листа на САД се и функционери кои земале мито за издавање бугарски пасоши на Македонци. 

Меѓу шесте Бугари кои денеска Стејт Департментот ги стави на црна листа се и двајцата поранешни функционери од Државната агенција за Бугарите во странство, Петар Харалампиев и Красимир Томов. Тие се обвинети дека организирале мрежа за земање мито за издавање бугарски пасоши на Македонци. Двајцата беа уапсени во 2018 година, како дел од акцијата против раководството на Државната агенција за Бугарите во странство, преку која се издаваат државјанствата. Обвинетите земале мито, просечно по 1.000 евра, при издавање уверенија за бугарско потекло.  Тие се кадри на ВМРО-БНД на поранешниот вицепремиер Красимир Каракачанов.

„Го објавуваме јавното означување на поранешните бугарски функционери Александар Манолев, Петар Харалампиев, Красимир Томов, Делјан Славчев Пеевски, како и актуелниот бугарски функционер Димитров Желјазков, поради нивна вклученост во значителна корупција. Манолев, Харалампиев и Томов, како заменик-министер за економија, директор на Државната агенција за Бугари во странство и генерален секретар на Државната агенција за Бугари во странство беа вклучени во коруптивни дејствија со што го поткопаа владеењето на правото и довербата на бугарската јавност во владините демократски институции и ги користеа своето политичко влијание и моќта што им ја носи функцијата за да остварат лична корист“, стои во соопштението на портпаролот на Стејт Департментот Нед Прајс.

Нив и на нивните семејства им е забранет влез во САД.  Бугарските власти неколку пати соопштија дека над 100.000 македонски граѓани имаат и бугарски пасоши. 

Можеби ќе ве интересира

ОСВЕН ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА, СРБИЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА БАКАР ВО ЕВРОПА: Се подготвуваат големи инвестиции

ОСВЕН ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА, СРБИЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА БАКАР ВО ЕВРОПА: Се подготвуваат големи инвестиции

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ПРОШИРУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“: Инвестирани 120 милиони евра во нов логистички центар во близина на Загреб

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ПРОШИРУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“: Инвестирани 120 милиони евра во нов логистички центар во близина на Загреб

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата