Бугарите задоволни, ги посетиле два милиони странски туристи
Објавено во: Балкан 07 Јули, 2016
Два милиони странски туристи ја посетиле Бугарија за пет месеци од 2016 година.
Ова го соопшти министерот за туризам, Николина Ангелкова.
„Годината започна навистина добро за бугарскиот туризам. За периодот јануари-мај земјата ни е посетена од околу два милиони странски туристи, а растот во споредба со истиот период минатата година е околу 14%"-вели Ангелкова.
Според неа растот на руските туристи е 30% според податоците на граничната полиција и на база на издадени визи.
„Податоците на туроператорите покажуваат дека очекуваме силна сезона со зголемување кај речиси сите важни пазари - Германија (20%), Полска (20%), Израел (15%). Растот кај другите пазари е помеѓу 10 и 15%. Ова се бројките и фактите, се останато се интерпретации и политички интереси "- додава министерката.
Според неа во моментот се забележува раст на туристите од 34% во областа Добрич, 23% во Варна и 18% во Бургас.