14 Мај, 2024
0.0305

БУГАРСКИ ФАКТОР ГИ КРИТИКУВА ВЛАСТИТЕ: Се лутат за изјавата на Тимчо Муцунски

Објавено во: Македонија 26 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Бугарски „Фактор“ остро го критикува МНР на Бугарија и властите во Софија поради нереагирањето на изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски дека е можно да се смени преговарачката рамка меѓу Скопје и ЕУ за да се одложи вклучувањето на Бугарите во Уставот на земјата.

Ниту Министерството за надворешни работи, ниту претседателството не реагираат на неопределено одложување на промената, без која РСМ не би требало да ги продолжи преговорите за членство во ЕУ. Станува збор за предизборна манипулација направена од Муцунски, кој изјави дека „одложеното спроведување на уставните измени е легитимна алтернатива што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ“, пишува Фактор.бг.

Весникот ја цитира изјавата на Муцунски која нагласи дека „од наша страна ќе бараме гаранции за македонскиот идентитет, јазик, но и гаранции дека нема да има билатерализација на евроинтеграциите“, со која навестува дека Бугарија нема да има право да ги штити своите интереси во текот на нивната интеграција.

Тој нагласи дека „ставот на ВМРО-ДПМНЕ за спорот со Бугарија е јасен, а тој е дека нема да има уставни измени во сегашните политички услови“.

Фактор.бг потсетува дека ниту идната влада на РСМ, ниту новата бугарска влада не би можеле да ја сменат преговарачката рамка со ЕУ, во која беше вклучен таканаречениот „француски предлог“ со вклучување на македонските Бугари во Уставот на земјата, а слични изјави се едноставно предизборни манипулации со цел враќање на ВМРО-ДПМНЕ на власт.

фото ЕПА

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“