ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

Објавено во: Македонија, Агробизнис 13 Мај, 2024 07:30
Собирачите на печурки веќе се активираа и ги предаваат количините на фирмите кои се занимаваат со оваа дејност. Нивните очекувања се дека ќе имаме успешна година за печуркарите.
Меѓу собирачите, има луѓе кои редовно секоја година собираат шумски печурки, но и други кои повремено се вклучуваат во процесот. Во најдобрите години се случувало една фирма на дневна основа да откупи неколку тони печурки. Засега цените за килограм се од 100 денари па нагоре зависно од сортата.
„Почна откупот и ќе трае додека има печурки. Зависи од временските услови, ако врне ќе има печурки, а како што гледам ќе имаме дождови. Лисичарка ќе има, вргањ, ѓурѓевка и ливадарка. Има шанси за добра сезона, меѓутоа може да фатат суши, ветрови и да се смени текот на сезоната. Вргањот е кралот на печурките. Цената на ливадарката е 100 до 120 денари, лисичарката е 350-400 за килограм, вргањот е по 200 денари. Луѓето носат по 2-3 или 5 килограми засега. Очекуваме да се интензивира собирањето на печурки. 2014 година беше убава година, го отворавме дуќанот и до 12 часот собиравме 2 тона печурки, а другите на дневна основа и повеќе. Ланската година не беше многу добра“, вели Љупчо Најдовски, откупувач на печурки од Демир Хисар.
Поголема понуда значи и пад на цената. Ако има навалица на собирачи, ако има големи количини, цената ќе се намали. Најдовски вели дека нашите печурки одат за извоз, во европски земји.
„Би требало да има богат род, по овие дождови. Во Пехчево, Берово, Делчево луѓето собираат печурки. Местото е погодно, надморската висина, многу фактори влијаат, а во Штип под Плачковица нема многу народ, таму селата се запоставени. И во Пробиштип исто има луѓе што собираат печурки“, објаснуваат од фирма од Штип.
Печурките се делат по класи. Прва класа се најскапи поради високиот квалитет.
„Почнавме малку со откуп. Промените на температурите влијаат на квалитетот на печурката, тоа што ноќе паѓаат температурите е проблем. Наутро е студено. Ветерот е смрт за печурките. Го суши горниот дел од печурката. Тоа е најлош показател. 2020 година била рекордна година, имаше многу роба и квалитетна, зборуваме за среде лето“, велат од фирма за откуп на печурки од Велес.
И во Радовиш пред неколку почнал откупот. Се очекува добра сезона. Околу 15 мај, откупот зема поголем замав. Луѓето се трудат да заработат од она што природата им го дала.
„Има беровчани што собираат печурки. Тоа се повозрасни луѓе, по 45, 50 години и постари, пензионери. Тоа им е шанса за заработка, за дополителен приход. Местото е богато со печурки. Имаме и неколку фирми што откупуваат“, вели Емилија Пехчевска од Берово.
Во некои македонски градови има и по неколку фирми кои откупуваат печурки. Од овие фирми велат дека цените кај нас паѓаат ако во соседните земји има богат род и големи количини на собрани печурки. Туку пред сè мислат на соседна Бугарија.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com/EyeEm
Можеби ќе ве интересира
ОСМАНИ ГО ЧЕСТИТАШЕ ДЕНОТ НА ЗДРАВЈЕТО ОД КЛИНИКА: „Здравјето не знае за распоред“

ПО ЦЕНА НА ПОЛИТИЧКАТА КАРИЕРА, ФИЛИПЧЕ СЕ НАФАЌА ДА ГИ НАПРАВИ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ И И СЕ СТАВА НА РАСПОЛАГАЊЕ НА ВЛАДАТА: Еве што вели лидерот на СДСМ

„ОСТАВАМ НА СОВЕСТА НА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО“: Еве што вели адвокатот Туфегџиќ за исказот на Александар

„САШКО, ВАЊА ЈА НЕМА“: Ѓорчевски даде исказ во судот

ТАТКО СЕ ОБИДУВАЛ ДА ГО ИСФРЛИ ОД ДОМА СВОЕТО ПЕТНАЕСЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Обвинителство спроведе постапка

„СЕ ЧУДАМ КАДЕ ЛИ ИСЧЕЗНАА НА ЉУПЧЕТА НИКОЛОВСКИ ТИЕ ФАМОЗНИ 70.000 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ: Членот на ЦО на СДСМ со реакција за изборите во партијата

„КАКО ДА И ЗАПАЛАМ СВЕЌА И ДА Ѝ РЕЧАМ БИДИ ЗАДОВОЛНА?“: Сестрата на смртно прегазената Теодора Ристовска со солзи реагира на пресудата

ПОСЛЕДНАТА ЖРТВА БИЛА ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА ОД САМИОТ ПОЧЕТОК: Александар Гавриловски бил со 35 проценти изгореници од трет степен, изгореници имал и на дишните патишта

ЕВЕ КОГА ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН АЛЕКСАНДАР КАРАДАКОСКИ: Тој беше управител во „Пулс“ во Кочани
