05 Мај, 2024
0.0252

Бугарскиот претседател Румен Радев доаѓа во Македонија – ВО ФОКУСОТ СПОРОТ СО ИМЕТО

Објавено во: Македонија 09 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Румен Радев идниот петок (16 февруари) ќе допатува во прва официјална посета на Македонија по неговот избор за претседател на Бугарија. Според информации на Фактор,  Радев во Скопје ќе има одвоени разговори со претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, спикерот на Собранието Талат Џафери, а не се исклучува да се сретне и со лидерите на ВМРО ДПМНЕ  и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети. За разлика од Радев, неговиот претходник Росен Плевнелиев ниту еднаш не ја посети Македонија за време не неговиот мандат. 

„Денеска е отворена нова европска страница во односите меѓу Бугарија и Македонија“, изјави Радев ведаш по потпишувањето на Договорот за добрососедство и соработка во август минатата година. 

Додека  Радев во Скопје ќе има средби со македонското водство, во Софија ќе се одржува  неформална средба на шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ и државите кандидати за членство каде е најавено и средба на македонскиот и грчкиот шеф на дипломатијата Димитров и Коsијас.

Средбата на двајцата министри следува откако премиерот Заев  изјави дека македонската Влада е подготвена за име со географска одредница  во напорите да се изнајде заедничко  прифатливо решение за двете земји.  Следува период на интензивни  средби и контакти на македонското водство  со меѓународните партнери. По посетата на Радев во Скопје ќе допатува претседателот на  ЕК Жан Клод Јункер, потоа Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, па претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск, а не се исклучува во Скопје на крајот на април да допатува и Канцеларката на Германија Ангела Меркел. Проценките  се дека  оваа дипломатска офанзива е во наскока  на конечна раврска на  спорот со името.

Горазд Чомовски

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник