18 Мај, 2024
0.2289

БУГАРСКОТО МНР ГО ОБВИНИ ПЕНДАРОВСКИ ДЕКА ГИ ЗГОЛЕМУВА ТЕНЗИИТЕ - тој вели дека ниту една негова постапка не е во спротивност со Договорот од 2017

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Постапките на Пендаровски не ја забрзуваат евроинтеграцијата на Македонија, реагираат од бугарското Министерство за надворешни работи.

Оттаму велат дека се загрижени од постапките на претседателот Пендаровски, кои како што се наведува во реакцијата - создаваат негативни ставови и тензии во јавноста и кои се во спротивност со позитивната клима создадена од активностите на двете влади.

„Неколку дена по успешната заедничка средба на владите на двете земји, повторно сме сведоци на зголемување на тензиите во јавноста предизвикани од конкретни постапки на претседателот на Северна Македонија, кој се обидува да ги обнови темите кои се во спротивност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. Ваквите дејствија не придонесуваат за изнаоѓање решенија за политички прашања во насока на забрзување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија и на меѓусебна доверба“, се наведува во соопштението на бугарското МНР.

Од бугарското МНР побараа од политичките чинители во земјава да покажат политичка зрелост и да дадат конструктивен придонес за враќање на меѓусебната доверба. Ваквата реакција на Бугарското МНР следува по вчерашната средба на Пендаровски со претставници на ОМО „Илинден“. Во вчерашното соопштени од кабинетот не беше наведено дека се работи за Македонци од Бугарија туку за граѓани на Бугарија. 

Средбата со претседателот се случи во ист ден кога во макеоднскиот параламент рефрираше министерот Османи а во бугарскиот премерот Петков за разговороите меѓу Скопје - Софија.

Од кабинетот на Пендаровски во однос на реакцијата на бугарското МНР., велат:

„Ставот на претседателот Пендаровски е дека ниту една негова постапка, ниту досега била, ниту отсега ќе биде во спротивност со договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави од 2017 година, вклучувајќи ја и средбата со здруженија на граѓани од Република Бугарија. Претседателот Пендаровски смета дека секоја институција во двете држави треба да даде свој придонес во надминувањето на отворените прашања и во таа насока е посветен за зајакнување на дијалогот и целосна имплементација на договорот за пријателство, добрососедство и соработка“, велат од кабинетот на претседателот за Канал 5.

Можеби ќе ве интересира

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување