Бутарис: Во Скопје нема протести. Ние немаме малку мозок?
Објавено во: Балкан 08 Јануари, 2018
Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, повторно е во фокусот на грчките медиуми откако посочи дека не ги поддржува најавените протести на радикалните националистички здруженија кои ќе бараат „Македонија да остане Грчка“, особено во период кога се прават засилени напори да се нормализираат односите меѓу Македонија и Грција.
„Јасно дека сум против и имам кажано одредени лоши зборови за протестите. Бидејќи овие протести не го изразуваат јавното мислење. Не може секој да пишти и да вика на плоштадите и по улиците. Во Скопје нема протести. Ние немаме малку мозок?, вели Бутарис.
Бугарис изјави дека со соседите треба да се градат добри односи. Во врска изјавата на солунскиот митрополит дека Македонија е Грција, тој рече дека ниту тој ниту пак митрополитот ја изразуваат грчката надворешна политика.
Според Бутарис во моменти кога започнуваат преговорите, не треба да има радикални реакции со демонстрации и слично.