05 Мај, 2024
0.0252

Царовска: МТСП им ја исплати украдената исплата на граѓаните кои примаат социјална парична помош и туѓа нега

Објавено во: Економија 18 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ја информираше јавноста дека во насока на остварување на заложбите за одговорно работење и враќање на парите кај граѓаните од септември 2017 година е воспоставена редовна динамика на исплата на правата за социјална парична помош и паричниот надоместок за помош и нега од друго лице, популарно наречената-туѓа нега. 

„Во 2011 година на граѓаните кои што примале социјална помош и туѓа нега им е украдена една исплата. Наместо за правата кои што требало да ги остварат во ноември за туѓа нега и за социјална парична помош да добијат исплата во месец декември, таа ја добиле во јануари 2012 година. Со ова се случува скратување на еден месец во исплата на правата. Со ова биле оштетени повеќе од 30 илјади граѓани, со вкупна сума од над 240 милиони денари“, рече Царовска.

Министерката соопшти дека  Министреството за труд и социјална политка овој месец направило две исплати на социјална парична помош и правото на туѓа нега.

„На 1 септември граѓаните добија една исплата, онаа која што е задоцнета, и сега на 14 септември имавме втора исплата, во истиот месец, со цел да ја исправиме неправдата која што пред шест години им била направена на најранливите категории на граѓани. За оваа задоцнета исплата, со ребалансот на буџетот обезбедивме дополнителни 200 милиони денари. Ова не е единствен пример со кој се правел удар токму врз грбот на најранливите категории во изминатите 11 години. Практиките се менуваат и институциите работат само во интерес и грижа за граѓаните. Начинот на кој се грижиме за најранливите е огледало и на самите нас, и индивидуално, и колективно.’’​. потенцираше Министерката/

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години