Центрите за дијабетес да работат барем три од пет работни денови, бара Сојузот на здруженија на дијабетичари
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2020
Сојузот на здруженија на дијабетичари бара непречено
функционирање на Центрите за дијабетес во услови на корона кризата, посочувајќи дека пациентите со
дијабетес имаат потреба од редовни прегледи и контроли.
-Согласно моменталната состојба со Ковид-19 свесни сме дека одреден број на пациенти не се во состојба за преглед со физичко присуство и за таа група на пациенти ја поздравуваме можноста за издавање на електронски рецепт, како што впрочем се одвива непречено процесот тековно. На ваков начин се обезбедува континуитет во достапноста на потребната терапија, што е мандаторно за нашата добра здравтсвена состојба. Но, да не заборавиме дека меѓу нас има и пациенти кои се со влошени резултати и кои имаат потреба од редовни посети во центрите за дијабетес. Знаејќи го ова, како национална пациентска организација, укажуваме дека имаме потреба од непречено функционирање на сите центри за дијабетес. Она што е за нас прифатлим минимум, за квалитетна дијабетолошка грижа, во оние градови каде имаме неповолна епидемиолошка слика со Ковид-19, е центрите за дијабетес да функционираат нормано (тим интернист/сестра) минимум три дена од пет работни денови со термини за редовни прегледи. Во сите останати денови од работната недела имаме потреба дијабетолошките сетри да бидат на своето работно место во центрите за дијабетес. Во оние градови каде што не постои влошување на ситуацијата со Ковид-19 очекуваме центрите за диајбетес да функционираат непречено во тек на цела работна недела, наведува во денешното соопштение Сојузот на здруженија на дијабетичари.