04 Мај, 2024
0.0307

Чавков: Не ме плашат заканите на Заев, ако покажевме сила можеше да има десетици жртви

Објавено во: Македонија 28 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Полицијата немаше сознанија за никави насилни инциденти, никави дојави, затоа полицијата со истиот број го обезбедуваше Собранието“, рече директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков.

Тој посочува дека изборот на Талат Џафери за собраниски претседател го предизвикал револтот кај граѓаните кои насилно упаднаа во Собрание.

„За жал вчера се случија неколку инциденти во Собранието кои го предизвикаа револтот кај граѓаните. Кога велам дека немало никаква пријава до полицијата сакам да кажам дека никој ниту од Собранието не се јави дека ќе има обид после завршување на седницата да биде прогласен нов спикер какви биле проценките на тие што го палнирале ова сценарио неможам да коментирам, но очигледно е дека начинот на кој беше спроведено тоа ги зголеми безбедносните ризици и предизвика моментална реакција на присутните пред Собранието.

Ќе треба време и дополнителна анализа зошто тие што стоеја зад сценариото одбраа да го реализираат тоа после 18 часот знаејќи дека во тоа време секојдневно се одржуваат протести пред зградата на Собранието. Настаните потоа се одвиваа брзо како на филмска лента. Граѓаните за неколку минути го обиколија Собранието и се обидоа да влезат внатре . Имаше обиди полицијата да го спречи обидот да влезат внатре, но иритираната и разгневена маса и употребата на сила врз нив можеше да значи и да предизвика десетици жртви.

Полицијата отпочна со примена на сила веднаш откако добивме информации дека е неопходна интервенција затоа што во Собранието е загрозена безбедноста на луѓето внатре и во моментот кога дополнително ги зајакнавме силите со кои проценивме дека можеме да спроведеме брза и енергична акција за евакуација на присутните пратеници и повредените лица.

Откако беше воспоставен јавниот ред и мир и откако беа евакуирани лицата чија безбедност беше загрозена што беше наша примарна задача полицијата отпочна со увид и идентификација на осомничените во координација со надлежниот јавен обвинител.

Истрагата и анализите на целиот овој случај ќе продолжат и во наредниот период и ќе се утврдува поединечната одговорност на сите инволвирани.

Овие лица кои стојат зад мене учествувале и во воениот конфликт во 2001 година а своите животи ги ризикувале и во голем број други полциски акции каде го бранеле мирот и безбедноста на РМ и нејзините граѓани. 

Овие полициски службеници се професионалци, тоа биле и тоа ќе останат без разлика на политичките обвинувања“, изјави Чавков .

Чавков рече дека е крајно некоректно да се политизира нивното постапување и истите да бидат претставувани како непријатели на македонскиот народ особено кога тоа е искажано од министерот за внатрешни работи.

Директорот на БЈБ упати и порака до лидерот на СДСМ.

„Јас целата моја кариера ја поминав служејки и на државата и сум се соочил со многу ризични безбедносни ризици, сум работел професионално во полза на РМ и на граѓаните.

Затоа му порачува ниту ме загрижува, ниту пак може да ме заплашат неговите закани и актуелните закани од криминални структури со кои тој е во спрега.

Неговите закани и недолично однесување повеќе говорат за него самиот и за начинот на кој што тој делува“, дециден беше Чавков.

Тој одби да даде одговор на новинарски прашања и веднаш го напушти прес центарот.

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра