06 Мај, 2024
0.0604

Честитка од Мицкоски: Цврсто верувам дека обновата ќе дојде

Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, упати честитка по повод национаниот празник Денот на македонската револуционерна борба.

„Дозволете во мое лично име и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, на граѓаните на Република Македонија да им го честитам празникот 23-ти Октомври- Денот на македонската револуционерна борба.

Таа борба која ја почнале Груев, Татарчев, Поп Арсов, Хаџи Николов, Димитров и Батанџиев била водена од искрената и чиста цел за слободна Македонска држава и таа борба низ годините била водилка на илјадниците македонски револуционери кои живееле и умирале за Македонија.

23-ти Октомври е темелот на кој се надоврзуваа Илинденската епопеја и Крушевската Република, Народноослободителната борба и АСНОМ, но и 8-ми Септември и независна Република Македонија.

Истрајноста на тој идеал за слобода и еднаквост 126 години покажува дека овој народ и оваа држава негувале и ќе негуваат европски и цивилизациски вредности и сите ние на тоа треба да се гордееме и да продолжиме да го градиме.

Наша обврска како народ е да ја продолжиме оваа борба не само како спомен на нашите предци, туку и како завет за идните генерации. Само со труд, постојанство и обнова можеме да бидеме сигурни дека Македонија ќе чекори кон напредокот и успесите, наместо поразите и уназадувањето.

Македонија ја чекаат предизвици, но и подобри времиња. Како никогаш порано судбината на нашата земја е во рацете на нашиот народ, а јас силно и цврсто верувам дека обновата ќе дојде.

Нека е честит празникот. Нека е вечна борбата за Македонија.Нека е жива Македонија.“, пишува во честитката на претседателот на најголемата опозициска партија.


Можеби ќе ве интересира

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа