Четвртина од Италија во карантин: Посебена дозвола за излегување и во Милано и Венеција
Објавено во: Свет 08 Март, 2020
Италија смести 16 милиони луѓе под карантин во обид да го спречи ширењето на коронавирусот. Секој што живее во Ломбардија и 14 други провинции во центарот и сверот на Италија ќе треба да има посебна дозвола за патување. Во овој дел спаѓаат и Милано и Венеција.
Премиерот Џузепе Конте најави исто така затворање на училишта, спортски сали, музеи, ноќни клубови и други места во целата земја.
Драстичните мерки ќе траат до 3 април.
Во Италија има најголем број на случаи на коронавирус во Европа и објави сериозен пораст на заразато во саботата. Строгите нови карантински мерки влијаат врз четвртина од италијанското население.
Бројот на загинати во Италија надмина 230, а официјалните лица објавија повеќе од 36 смртни случаи за 24 часа. Бројот на потврдени случаи скокна за повеќе од 1.200 на 5.883 во саботата.