17 Мај, 2024
0.0265

Чиа смути за здрава кожа

Објавено во: Стил 03 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Смути оброците во чаша се секогаш добра идеја. Тие содржат многу здрави и свежи намирници и затоа лесно се варат, а нивната нутритивна вредност им е толку висока што ги прави одлична храна за појадок или вечера.

Чиа семето пак, нарекувано како „супер храна“, во последно време е вистинска сензација . Тоа е најбогатиот ботанички извор на Омега 3 масни киселини, помага во борбата против слободните радикали, придонесува за блескав изглед на кожата, а што е најважно од сè – дава фасцинантно чувство. Ова е нашиот предлог за здрав и вкусен чиа оброк во чаша:

„Nutra Effects“ смути со чиа семе, банана и јагоди

  • 1 банана
  • Две лажички чиа семе
  • 3-4 свежи јагоди

300 милилитри свежо млеко или јогурт , по желба

Ова хранливо смути може да го подготвите сами дома за помалку од 2мин, а истото може да го набавите во „Juicy&Co“ баровите за здрава храна и пијалаци, во „Skopje City Mall“ или на Рекорд.

„Nutra Effects“ смути е поддржано од „AVON“ , а рецептот е инспириран од новата линија за нега на кожа „Nutra Effects“, базирана антиоксиданти и витамини.