Членки на Унијата на жени биле повикани на социјалните мрежи да го поддржат Мицкоски
Објавено во: Македонија 21 Август, 2020
Во медиумите се појавија пораки кои биле препраќани во Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, со цел веднаш на интернет да се даде поддршка на лидерот, Христијан Мицкоски од кого дел од сопартијците бараат оставка.
Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска, во телеграм комуникацијата испратена до сите претседателки на Општински комитети бара јавно да се даде поддршка преку коментари на сцоијалните мрежи.
Од Унијата на жени објавиле статус во кој му даваат безрезервна поддршка на Мицкоски, и велат дека треба да се исчисти сметот во и околу партијата.