Членовите на СДСМ на конгресот ќе можат да гласаат „за“ и „против“ Заев
Објавено во: Македонија 16 Март, 2021
Премиерот Зоран Заев е единствен кандидат за претседател на СДСМ, но членовите ќе гласаат „за“ и „против“ него на конгресот на 21 март.
Заев ова го соопшти попладнево на прес-конференција во партиското седиште. Вели дека на секого му било овозможено да се кандидира за лидер на партијата, но други кандидати не се пријавиле. Заев побара поддршка за трет лидерски мандат.
„Никој во СДСМ нема да се кандидира за функција, само за да биде функционер, туку да врши должност и да биде служител на граѓаните“, додаде Заев.