ЧОВЕК БЛИЗОК НА ОРБАН: Познато кој ќе го замени Хан
Објавено во: Свет 10 Септември, 2019
Унгарецот Ласел Трочани е предложен да го замени Јоханес Хан на чело на комесаријатот за проширување на ЕУ во следните пет години. Хан ќе биде задолжен за буџетот и администрацијата на ЕУ.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го претстави составот на новата европска влада кој треба да биде одобрен и од Европскиот парламент.
Тимот на Фон дер Лајен има осум потпретседатели, вклучувајќи го и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел. Двојна функција ќе имаат тројца потпретседатели - Франс Тимерманс, Маргрете Вестагер и Валдис Домбовскис, кои ќе бидат и комесари и потпретседатели задолжени за клучните теми од агендата на Урсула фон дер Лајен. Потпретседателка на Комисијата ќе биде и Хрватката Дубравка Шуица, која ќе се занимава со демократија и демографија.
Најжестоко беше околу предлогот за Унгарецот Трочани, кој имаше жестоко испрашување во Европскиот парламент откако беше предложен од матичната земја за нов комесар. Тој се смета за близок соработник на унгарскиот премиер Виктор Орбан и за творец на новиот правосуден систем во земјата со кој беше ограничена моќта на судството, објавија новинските агенции.
Во новата Европска комисија ќе има 13 жени и 14 мажи, меѓу кои осум досегашни еврокомесари.
Според правилата на ЕП, за одобрување потребно е двотретинско мнозинство од координатори на политичките парламентарни групи на секоја комисија.