08 Мај, 2024
0.0273

Чулев: Границата ќе се затвори да се спречи нов мигрантски бран

Објавено во: Македонија 07 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев од Тетово каде што беше во посета на Секторот за внатрешни работи истакна дека во насока да се спречи нов мигрантски бран ќе се затвори целосно јужната граница. Оценува дека има подготвеноста за таква постапка.

-Македонија е во постојана комуникација и со ФРОНТЕКС и со нашите партнери од Европската унија. Македонија дефинитинво ќе ја затвори граница и ние имаме капацитети во однос на претходата мигрантска криза и сега сме многу подобро подготвени. Имаме и партнерски полицајци во заеднички патроли на јужната граница. Во моментот има 131 полицаец од осум држави и имаме материјално технички средства. Ќе дадеме максимум за да ја затвориме нашата границата и да спречиме нов мигрантски бран кон територијата на нашата држава и со тоа и кон територијата на ЕУ, истакна Чулев.

Засега според министерот иако има прогласено кризна состојба на јужната и северната граница, на јужниот дел состојбата е стабилна.

-Нема посебни нарушувања. Внимателно ја следиме состојбата на турско-грчката граница за таа цел управувачкиот комитет донесе одлука да зголеми бројот на полициските сили на јужната граница и истовремено е зголемен бројот на армиските сили, ја обновуваме жичена ограда и правиме пристапни патишта, истакна Чулев.

Министерот со раководството на СВР Тетово и Одделението за внатрешни работи во Гостивар разговарал за состојбите околу откривање криминал, процент на реализација, проблеми на вработените како и преземањето превентивни мерки за фудбалскиот натпревар Македонија-Косово и околу претстојните избори


Можеби ќе ве интересира

АПАСИЕВ ИМ НАЈАВИ ПЕКОЛ ВО СОБРАНИЕТО: Секој наш пратеник вреди колку 10 нивни, имаме шест, се бориме за седмиот

АПАСИЕВ ИМ НАЈАВИ ПЕКОЛ ВО СОБРАНИЕТО: Секој наш пратеник вреди колку 10 нивни, имаме шест, се бориме за седмиот

ГРУБИ: „АЛИ АХМЕТИ НЕСКРШЛИВИОТ, ЗА ПРВ ПАТ СМЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА“

ГРУБИ: „АЛИ АХМЕТИ НЕСКРШЛИВИОТ, ЗА ПРВ ПАТ СМЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА“

Мицкоски: Народот си ја спаси државата, ДУИ оди со СДСМ во опозиција

Мицкоски: Народот си ја спаси државата, ДУИ оди со СДСМ во опозиција

ЈАНКУЛОВСКА СЛАВИ ПОБЕДА ВО ШТАБ: Објави приказна со сопартијците

ЈАНКУЛОВСКА СЛАВИ ПОБЕДА ВО ШТАБ: Објави приказна со сопартијците

ДИК направи проекција на мандати во Собранието по 84 отсто преброени гласови: ВМРО-ДПМНЕ со 59 пратеници?

ДИК направи проекција на мандати во Собранието по 84 отсто преброени гласови: ВМРО-ДПМНЕ со 59 пратеници?

„ПРЕМИЕРЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ВИ ЧЕСТИТАМ ОД СРЦЕ“: Ѓорѓиевски на Фејсбук со честитка за победата

„ПРЕМИЕРЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ВИ ЧЕСТИТАМ ОД СРЦЕ“: Ѓорѓиевски на Фејсбук со честитка за победата

ТАРАВАРИ ИМ „ПРЕПИША“ ДВА ПАТИ НА ДЕН ЕФРИДОЛ НА ДУИ ПО ЈАДЕЊЕ: „Реков дека сум доктор“

ТАРАВАРИ ИМ „ПРЕПИША“ ДВА ПАТИ НА ДЕН ЕФРИДОЛ НА ДУИ ПО ЈАДЕЊЕ: „Реков дека сум доктор“

Касами: Уште утре можеме да ја објавиме новата владина коалиција

Касами: Уште утре можеме да ја објавиме новата владина коалиција

,,КЕКСИ И МЛЕКО ДА НЕ ТРЕБА? Се огласи Јанушев на фејсбук

,,КЕКСИ И МЛЕКО ДА НЕ ТРЕБА? Се огласи Јанушев на фејсбук