05 Мај, 2024
0.0266

Чулев: Камионот со бананите можеше да се следи со дронови, ама Спасовски ја укина единицата

Објавено во: Македонија 11 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешни работи, синоќа во емисијата „200“ на ТВ Алсат рече дека неодамнешниот случај во кој беше откриен еден килограм кокаин во камион за превоз на банани во Крушопек во рамките на интернационална акција требало да биде следен со дрон, но не било возможно затоа што била укината единицата за беспилотни летала и тие биле приземјени.

- Претходниот министер на две недели пред да ја напушти функцијата направи систематизација во која не предвидел дека треба да има единица за беспилотни летала. Со тоа, од македонско-албанската граница, наместо со дронови, камионот требаше да го следиме со физичко присуство, рече Чулев.

Со ова тој го обвини Оливер Спасовски, актуелниот технички премиер, како одговорен што во моментов македонската полиција технички не може да ги користи дроновите како свои помагала.

- Таква единица постоеше во рамки на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање, но со нејзиното укинување и со новата систематизација од 18 декември не се создаде нова единица за овие леталици, додаде Чулев.

Тој во своето телевизиско гостување додаде дека МВР во 2018 склучил каско-договор со израелска компанија која требало да ги одржува овие беспилотни летала за сума од 1,94 милиони евра а сега таа услуга е делумно пропадната.

Актуелните полициски кадри, вели Чулев, ги немаат потребните дозволи и лиценци за нивно користење и дека тој не може вонредно да делува бидејќи ќе ги прекршел законите.



Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник