29 Април, 2024
0.0293

ЧУЛЕВ СЕ ЗБОГУВА СО МВР: Се враќа во Агенцијата за разузнавање

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Во пост што го објави на својот профил на Фејсбук, досегашниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев се збогува и најави дека веќе од утре се враќа на неговото претходно работно место, односно во Агенцијата за разузнавање.

-Денес е последен ден од мојот мандат како министер во Техничката влада избрана за спроведување на предвремените парламентарни избори. Во изминатите неколку месеци сите ние, во Министерството за внатрешни работи, но и во државата поминавме низ турбулентен и прилично специфичен период во кој бевме исправени пред значајни и сериозни предизвици. Министерството за внатрешни работи во изминатиот период имаше исклучително важна задача: да го заштити здравјето на граѓаните, да ја гарантира безбедноста на државата и јавниот ред и мир и да организира мирни, безбедни и демократски избори. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам пред се на вас - граѓаните кои со своето одговорно однесување дадовте сериозна поддршка на Министерството за внатрешни работи во исполнување на секојдневните задачи и обврски и справувањето со предизвиците кои претходно ги споменав. Воедно, сакам да се заблагодарам на сите вработени во Министерството за внатрешни работи за исклучително високо ниво на исполнителност изминатиот период, а пред се на вработените во мојот кабинет кој со исклучително високо ниво на одговорност, чесност и посветеност, пожртвувано пристапуваа на исполнување на работните задачи и обврските. На крајот посакувам и апелирам што поскоро да се формира владиното мнозинство, а тоа ќе значи и враќање на институциите во својот полн капацитет. Јас од утре се враќам на моето претходно работно место во Агенцијата за разузнавање од каде ќе продолжам да давам придонес во областа на безбедноста, а на мојот наследник и колега Агим Нухиу од срце му посакувам успешно извршување на работните задачи во периодот што следи, напиша Чулев во објавата.


Можеби ќе ве интересира

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство