29 Април, 2024
0.0255

Чувајте ги сметките, Владата пред избори ги активира субвенциите од 1.000 евра за инвертери

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Владата пред парламентарните избори планира да го активира проектот најавен уште од лани со кој со повеќе од 5 милиони евра ќе го субвенционира целиот износ до 60.000 денари за купување на нова клима инвертер за замена на печките на цврсто гориво во Скопје, Битола, Кичево и Тетово како градови кои подлежат на најголемо загадување.

Градот Скопје во текот на следната недела ќе го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување. Во Буџетот на Град Скопје за 2020 година за оваа намена се предвидени 322 милиони и 400 илјади денари, обезбедни од Владата на РСМ. Во моментов не е познато дали ќе следуваат пари и преку локалните самоуправи на Битола, Тетово и Кичево, но истото е за очекување, согласно најавениот проект.. 

Граѓаните за да добијат субвенции за инвертери ќе треба доброволно и без надомест да ги предадат постојните печки на дрва, јаглен, нафта или мазут, додека средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во нето износ не повеќе од 62.000 денари.

Со јавниот повик се опфаќаат сите високоефикасни инвертер клима уреди кои се купени од 1 јануари 2020 година и ќе трае заклучно со 30 ноември 2020 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена. Повикот ќе се реализира согласно со принципот „прв дојден прв услужен“. На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење без оглед на тоа дали го користат.

Субвенциите според проектот се обезбедени од буџетот на АД ЕСМ, односно од делот од позитивната добивка која ја оствари лани јавното претпријатие.

Владата и претпријатието пред десетина месеци најавија дека ќе се субвенционира вградување на инвертор клима системи за загревање на домаќинствата како супституција на огревното дрво, но не повеќе од 60.000 денари.



Можеби ќе ве интересира

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега