06 Мај, 2024
0.0271

Ципрас денеска со својот „караван“ во Скопје: Носи инвеститори, министри, договори и медиуми

Објавено во: Македонија 02 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Повеќе од 120 грчки претприемачи денес ќе му се приклучат на грчкиот премиер Алексис Ципрас во неговата значајна посета на Скопје и средбата со шефот на македонската влада Зоран Заев.

"Нашата цел беше 70 или 80 претприемачи и, во нашето големо изненадување, бројот надмина 120", рече Јоргос Стерјулис, претседател на Ентерпрајз Грција, националната канцеларија за надворешна економија.

Од околу 300 претприемачи кои во моментов инвестираат во Македонија, една третина од нив денеска ќе биде во бизнис делегацијата што ќе го  придружува премиерот Ципрас во обид да го прошират своето бизнис-присуство во Македонија.

Деловната делегација на грчкиот премиер ги претставува "сите сектори", рече Стерјиулис, наведувајќи дека има инвеститори од енергетиката, производите за широка потрошувачка, туризам, висока технологија, земјоделските производи и пластика.

Околу половина од делегацијата се од северниот грчки регион Македонија, рече шефот на Ентерпрајз Грција, истакнувајќи дека и текстилот и производителите на алуминиум се меѓу застапените компании.

Пошироката економска и политичка клима ќе има улога во зајакнувањето на билатералната соработка, додаде тој, велејќи дека Ципрас и Заев се очекува да разговараат за прашања како што се двојното оданочување и можни даночни олеснувања за бизнисите.

Заев очекува пола милијарда

"Големи компании со милијарди годишни приходи доаѓаат", изјави Заев за Франс прес пред состанокот, а ги спомена гигантите Мотор Оил и Митилинеос кои ќе се приклучат во форумот.

„Грчките компании веќе ветија дека ќе инвестираат повеќе од 500 милиони евра во енергетскиот сектор на Северна Македонија, плус други инвестиции во градежништвото и земјоделство. Република Северна Македонија ќе има огромни економски придобивки од договорот за кој верувам дека ќе се види во секоја област на економијата", рече Заев.

Според соопштението од Атина, со премиерот Ципрас доаѓаат:заменичката премиерка за Македонија-Тракија, Елефтерија Хаџигеоргиу, министерот за економија, Јани Драгасакис, минстерот за одбрана, Евенгелос Апостолакис, за екологија, Џорџ Статакис, за рурален развој, Ставрос Араховитис, за транспорт, Христос Спирицис, за здравство, Андреас Џантос и заменикот министер за надворешни работи, Маркос Боларис.

Шест договори чекаат на агендата

Предводени се билатерална средба, меѓувладина седница и заедничка прес-конференција. Делегацијата на Грција претходно ќе биде пречекана на скопскиот аеродром. Треба да се потпишат шест договори, од кои акциски план за интензивирање на соработката, договор за соработка во одбраната, меморандум за соработка во евро-интеграциите, меморандум за разбирање на македонското министерство за транспорт и врски и соодветниот ресор од Грција, како и развој на патната и железничка инфраструктура, и последно - спогодба за нов граничен премин.

Од 09:30 до 20 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во поширокото централно подрачје на Град Скопје. Министерството за внатрешни работи во попладневното соопштение апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките од полициските службеници и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

Целодневен пренос во живо ќе врши EBU со помош на двете национални телевизии ЕРА и МРТВ.



Можеби ќе ве интересира

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран