Ципрас ќе бара консензус за името во неговата земја?
Објавено во: Балкан 26 Јануари, 2018
Грчкиот премиер Алексис Ципрас, утре на одделни средби, ќе ги информира претседателите на политичките партии во Грција за досегашниот тек на преговорите за името.
Пред два дена во Давос премиерите на двете земји ја одржаа првата меѓусебна средба која траеше повеќе од три часа на која беше разговарано за проблемот што го има Грција со уставното име на Македонија.
Ципрас ќе одржи и министерски состанок, а потоа ќе има и средба со грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос.
Тој ќе се сретне со Киријакос Мицотакис, претседателот на најголемата опозициска партија Нова демократија, со претседателката на ПАСОК Фофи Генимата и со првите луѓе на Комунистичката партија и на Потами.
Истото утре ќе го направи и македонскиот премиер, Зоран Заев на лидерска средба.