08 Мај, 2024
0.0227

ЦИПРАС МУ КОМЕНТИРА НА ЕРДОГАН: Грција има премиер, а не султан

Објавено во: Балкан 02 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Грција има премиер што ги почитува правните процеси, а не султан што ги ветува правните одлуки,  ова се коментари од кабинетот на Ципрас за изјавите на турскиот претседател Ердоган.

Периодов помеѓу Атина и Анкара има заострени односи, поради случаите со турските и грчките војници, односно осумтемина Турци кои бараат азил во Грција, а Анкара чека нивна екстрадиција, како и  двајцата грчки војници уапсени на турска територија, за кои Атина притиска да се вратат назад.

Според грчките медиуми, Ердоган, сега ги поврзал меѓу себе овие два случаи, па оттаму и реакцијата од кабинетот на грчкиот премиер.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во соопштението, од кабинетот на Ципрас му порачуваат на Ердоган дека ако имал нешто да каже во случајот со турските војници, можел тоа да го стори на средбата со грчкиот премиер при посетата на Атина.

- Му разјаснуваме дека Грција е земја во која владее правото и има премиер што ги знае и почитува процедурите на грчкиот правен систем, а не султан за да може да ги ветува одлуките. Ако посакува да е лидер на држава во која владее правото, треба да даде објаснувања зошто Турција, се уште ги држи во затвор двајцата грчки војници кои што не направија ништо повеќе од тоа да поминат неколку метри на турска територија, во момент кога истражувале нелегални поминувања, пишува во соопштението од кабинетот на Ципрас. 


Можеби ќе ве интересира

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака