19 Мај, 2024
0.0271

Cloud решенијата на Huawei ја ослеснуваат дигиталната транзиција на компаниите

Објавено во: Мои пари 16 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Идната 5G мрежa ќе се потпира на cloud ресурси не само во backbone мрежата, но, исто така, и во радио пристапната мрежа. Виртуелизацијата и делењето на ресурси се основа за дигиталната трансформација на операторите, компаниите од сите други индустриски сектори како и јавната администрација. Иновативни cloud решенија ќе бидат демонстрирани од страна на Huawei во Скопје на патувачката изложба "Отворени Патишта за Подобро Поврзан Свет".

Камионот кој веќе традиционално ја посетува и Македонија, ќе патува низ 22 земји во Централна и Источна Европа, како и Нордиските земји. До крајот на јуни, ќе бидат посетени 12 земји. Камионот ќе застане во Скопје, на плоштадот Филип Втори на 15 и 16 мај, 2017 година.

Пазарните согледувања покажуваат дека до 2025 година глобалната врски ќе се зголемат на 100 милијарди и сите компании ќе бидат поврзани преку cloud. 85% од апликациите на претпријатието ќе работат на cloud, а cloud искуството ќе стане нов стандард, па тоа е и причината зошто компаниите треба да преминат преку дигитална трансформација и да останат насочени кон иднината за да постигнат континуиран раст. Huawei се фокусира на помагање на операторите за да се постигне дигитална трансформација низ All cloud и соработува со сите индустрии заради создавање отворен, кооперативен и win-win индустрискo-еколошки поврзан Свет.

Подобрувањето на внатрешните бизнис процеси и флексибилното користење на мрежните ресурси, се само некои од cloud придобивките за компаниите. Дел од решенијата на Huawei се насочени кон зголемување на приходите од постоечките и нови пакет услуги за дигитални домови, за паметни градови, лесно распоредување на модуларни центри за податоци и др.

Ќе бидат презентирани нови решенија во 4 тематски зони:
1) All-cloud мрежа кон 5G – инфраструктура за да се овозможат дигитални услуги, како и мрежна инфраструктура заради обезбедување иновативност и неограничени можности за бизнис.
2) Cloud-овозможени дигитални операции – за да се овозможи создавање на win-win партнерство и соработка.
3) Cloud-реализирани дигитални услуги - како чекор во дигиталниот еко-систем.
4) Максимизирање на мрежната вредност – за зголемување на  потенцијалот и монетаризирање на постоечката мрежа.

Посетителите исто така, можеа да ги видат и тестираат најновите Huawei уреди меѓу кои P10, P10 Plus, P10 Lite, Honor 8 lite и Honor 8 и Nova Smart паметни телефони.

Предводени од континуираниот процес на иновација и отворенa соработка, Хуавеи има изградено конкурентскo портфолио на иновативни крајни решенија во телекомуникациите и корпоративните мрежи, уреди, cloud технологија и услугите. Нивните ICT- решенија, производи и услуги се користат во повеќе од 170 земји и региони, кои служат повеќе од една третина од населението во светот. Со своите 180 000 вработени, Хуавеи е посветен на градење на идното информатичко општество и на еден подобро поврзан Cвет.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата