ЦРН БИЛАНС ВО ИТАЛИЈА: Седум лица загинаа во поплави
Објавено во: Свет 12 Септември, 2017
Бројот на загинатите во градот Ливорно во Италија се искачи на седум, по откривањето на телото на уште една жртва која се водеше како исчезната.
Телото на 34-годишна жена е пронајдено во понеделникот попладне, во двор на куќа во градот, прекриено со кал. Таа и нејзиниот сопруг излегле да гледаат што се случува со поплавата, но водата ги однела. Нејзиниот сопруг е пронајден жив во неделата.
Уште едно лице се смета за исчезнато. Четворица од седумте жртви се членови на едно семејство кои се удавиле во подрумски стан.
Поплави имаше и во делови од Рим, поради што некои метро-станици беа затворени. Поплави има и во градот Салерно, но и на Сицилија, каде покрај силниот дожд, дуваше и силен ветер.
Водата носеше автомобили, а во поплавените места за 4 часа паднаа 40 цм дожд.