Црна Гора денес и формално пристапува кон НАТО
Објавено во: Балкан 05 Јуни, 2017
Црна Гора денеска официјално ќе биде прогласена за 29-тиот член на западниот одбранбен сојуз - НАТО, соопштува германскиот национален дневен весник Die Zeit.
Премиерот Душко Марковиќ ќе го депонира инструментот за пристапување пред владата на САД, одговорен за одржување на Северноатлантскиот договор.
На церемонијата во Стејт департментот во Вашингтон ќе присуствува и генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Од американска страна се очекува помошник државниот секретар на САД за политички прашања Томас Шенон.
НАТО официјално го одобри влезот на Црна Гора во мај 2016 година.
Одлуката на Подгорица е пресретната со жестоки протести од страна на Москва, која гледа во источното проширување на Алијансата закана за сопствената безбедност.
Поради оваа причина Русите одамна презеде обиди да го спречат членството на земјата во воениот сојуз на Западот.
Армијата на Црна Гора се состои од околу едвај 2.000 војници. Сепак, јадранските пристаништа во земјата имаат важно значење. Во XIX век Австријците изградиле поморско пристаниште во Которскиот залив, кое подоцна се користи и од Армијата на Југославија, потсетува весникот.