Црна Гора тоне поради криминални судири
Објавено во: Балкан 02 Април, 2018
Според Советот за национална безбденост на Црна Гора, безбедносната ситуација во земјата била нарушена поради големиот број на судири меѓу организирани криминални групи.
Советот побара формирање заеднички спцијализирани тимови со задача поефикасна борба против организираниот криминал. До седницата на Советот ова дојде по двојното убиство во Подгорица пред два дена. Во досегашните пресметки меѓу криминалните кланови загинале најмалку 20 луѓе, од кои четири жртви биле случајни.
Само во изминативе триесет дена во Подгорица имало шест бомбашки напади.