ЦРНИ ПРОГНОЗИ: Барелот до 100 долари ќе донесе нова светска економска криза?
Објавено во: Економија 26 Септември, 2018
За прв пат во четири години барел сирова нафта чини 82 долари.
Ова може да потегне цена од 90, па и 100 долари за барел и со тоа да доведе до криза каква што имаше во 2008 и 2009 година.
До скок на цената ќе дојде заради фиксната понуда и голема побарувачка.
Тоа штетно ќе влијае на глобалниот економски раст, и ќе поттикне инфлација.
Санкциите кон Иран, политиката на ОПЕК и кризата во Венецуела се фактори кои се опасни за цената на нафтата.