19 Мај, 2024
0.0336

Црвенковски повторно не ја спомена „Северна“

Објавено во: Македонија 27 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Поранешниот претседател и премиер на Македонија, Бранко Црвенковски, останува на личниот став да не ја споменува географската одредница „Северна“ од новото уставно име во своите говори.

На свечениот научен собир во МАНУ на тема „Современата македонска држава-две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој:1941-1991/1991-2021 година“, Црвенковски ги критикуваше задолжувањата, неединството на партиите, неефикасната и преобемна администрација и јавен сектор, Договорот за добрососедство со Бугарија, непотребните трошења, падот на здравството и образованието, но ниту еднаш не го употреби терминот „Северна Македонија“.

Црвенковски на регионална конференција „Проширувањето на ЕУ на крстопат“, што се одржа во Скопје пред две години исто така не се користеше со уставното име на земјата Во обраќањето поренешниот претседател и премиер не го спомна новото име на државата, а во неколку наврати ги користеше термините „македонски народ”, „Македонија”, „македонска Влада“.

Тој останува на ставот дека отстапката со уставното име била болна и драматична сè со единствена цел, да се одблокира пристапот кон Унијата, а тоа се „потврдило и на референдумот“.

- За жал и покрај исполнатите услови уште пред 13 години, заради спорот со Грција ниту станавме членка на НАТО ниту ги отпочнаме преговорите со ЕУ.Ни беше најавено, па дури и гарантирано дека Преспанскиот договор е клучот што ќе ги отвори 2те врати.

За жал испадна дека не е така. Станавме членка на НАТО, но заради позициите  на Бугарија не можеме да ги отпочнеме преговорите со ЕУ.

Во секој случај јас не би ставил знак на еднаквост помеѓу Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство и соработка со Бугарија од најмалку една причина. Преспанскиот договор со Грција, кој јас не го сметам за добар, уште помалку за идеален, туку за избор на помалото зло, сепак затвори едно тешко отворено прашање. Договорот со Бугарија, не само што не затвори ниту едно прашање, туку напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија, кои до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја што компромис едноставно не е можен.

Јас би сакал да ја искористам оваа прилика и да отворам уште една тема околу нашето европско интегрирање. Мантра која постојано ја слушаме од страна на актуелните политичари во нашата земја е: „Полноправното членство во ЕУ е нашата единствена опција за која не постои алтернатива. Не постои и воопшто не размислуваме за план Б.“ Го поставувам прашањето, а што ако не заради нас, не затоа што ние не сакаме или не сме спремни да ги спроведуваме неопходните реформи и да ги исполнуваме неопходните критериуми, туку затоа што самата ЕУ реши да нема понатамошно проширување, на пример затоа што ваква каква што е со постојните членки е недоволно функционална и ефикасна, дека евентуално нови членки дополнително ќе го усложнат и онака премногу компликуваниот начин на одлучување и креирање на заеднички политики? А такви размислувања во рамки на Унијата веќе има.

Што во тој случај ќе правиме ние за кои не постои друга алтернатива? Ќе се самоукинеме, ќе се самораспуштиме како држава? Или мора да најдеме алтернатива!, рече во денешниот говор поранешниот шеф на државата.


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“