03 Мај, 2024
0.0297

Црвенковски проговори: „И покрај сите мои тешки дилеми ќе гласам ЗА!“

Објавено во: Македонија 12 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Поранешниот претседател на Македонија Бранко Црвенковски со писмено обраќање во јавноста го кажува ставот околу референдумот.

Црвенковски вели дека Ќе излезе и ќе гласа За образложувајќи дека не затоа што смета дека Преспанскиот договор е голема победа и успех, туку затоа што смета дека е нужност од која во даденава ситуација нема бегање. 

„Ќе гласам ЗА, не затоа што мислам дека неговото спроведување нема да предизвика негативни последици, туку затоа што негативните последици од неговото пропаѓање ќе бидат несразмерно поголеми. Нормално е дека кај секој разумен и одговорен човек кога се работи за вака важно прашање постојат дилеми. Деновиве многумина ме прашуваа дали јас би потпишал таков договор. Мојот одговор е дека во овој момент тоа е апсолутно небитно.

Потписот е ставен и после тој чин враќање назад нема. Ниту во иднина оваа или некоја друга грчка влада ќе се откаже од стекнатите позиции со овој договор, ниту меѓународната заедница (барем оној дел кон чие друштво се стремиме) ќе има разбирање за таквата наша несериозност и неспроведување на превземените обврски.
Постојат многу причини зошто сум длабоко убеден дека Евро-атлантските интеграции се единствената добра опција за нашата иднина. Повеќето од нив се безброј пати повторени и објаснети во јавноста“ - пишува Црвенковски.

Црвенковски додава:

„За жал, во овие 27 години ние покажавме дека немаме сопствен капацитет да спроведеме квалитетни реформи во општеството без сериозен притисок и мониторинг од надвор. И за тоа чувствувам и голема лична одговорност. Со други зборови, ако сакаме средена и уредена држава, процесот на наше интегрирање во НАТО и пред се во ЕУ и исполнувањето на зададените норми и стандарди низ тој процес е, ако не целосна гаранција тогаш сигурно нашата најдобра шанса и можност за остварување на таа цел. Добрите меѓуетнички односи се клуч за стабилноста и предуслов  за се друго во Република Македонија. Евентуалната подолготрајна наша бесперспективност на планот на Евро-атлантските интеграции, наспроти успесите на овој план кои ги прават и ќе ги прават нашите соседи, порано или подоцна  ќе претставува потенцијален ризик за нашата внатрешна стабилност. Тој ризик мора благовремено да го елиминираме“, потенцирајќи:

„На овој референдум ќе се одлучува, не кој ќе владее, туку кој пат кон иднината  како држава ќе го избереме.

На 30ти септември, и покрај сите мои тешки внатрешни дилеми ќе го послушам сопствениот разум и ќе гласам ЗА!“

Можеби ќе ве интересира

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ