29 Април, 2024
0.0280

Д-р. Беќаровски: Порано на влезот во Бугарија стоеше натпис Б'лгарија и СССР вечна дружба, ама беше политичка дружба и ја однесе времето

Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Д-р. Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија инициран од последните случувања меѓу Македонија и Бугарија, посебно од разните постови по социјалните мрежи објави пост на својот профил на Фејсбук во кој вели дека јазикот е средство за комуникација, а историјата ја пишуваат победниците.

-Последниве денови прочитав премногу погрдни постови за нашите источни комшии, кои повторно ме вратија во времињата кога "сите на мразеа".
Во својот живот секако дека 2 држави во кои најмногу сум патувал и кои најдобро ги знам се Бугарија и Србија. Секогаш при овие патувања сум наидувал на бескрајно гостопримство, љубезност, срдечност и пријателство. За среќа имам премногу драги другари, пријатели и колеги, со кои ме врзуваат прекрасни моменти и ниту една политичка одлука не може да го смени моето мислење за овие братски народи.
ЈАЗИКОТ е средство за комуникација, средство кое ги поврзува луѓето и не може никогаш да ги раздвојува и колку побрзо тоа го разберат политичарите толку подобро.
ИСТОРИЈАТА секогаш ја пишуваат појаките и победниците и често служи за лечење на комплекси, фрустрации и заведување на обичниот народ.
А јас, како и досега ќе се чуствувам како дома и во Софија и во Белград и во Варна и во Ниш и во Банско и на Тара.
Едно време на влезот во Бугарија стоеше натпис Б'лгарија и СССР вечна дружба, ама беше политичка дружба и ја однесе времето.
Нашата дружба се темели на обичните луѓе и затоа иако никаде не стои натпис таа ќе биде вечна.
Како Словен сите Словенски народи ми се блиски, а Бугарите и Србите секако најмили и најблиски, а како левичар маките на српскиот и бугарскиот работник ми се некако најслични со нашите.
И да, едвај чекам да пројде Covid-ов за да прошетам и се напијам кафе на "Витошка" или "Кнез Михајлова", опкружен со луѓе кои ги сакам и почитувам.
ЈАС ДА СИ КАЖАМ, а Вие може и понатаму да плукате, пишува д-р. Беќаровски.


Можеби ќе ве интересира

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните