27 Април, 2024
0.0276

Д-р Филип Станковиќ: Никотинот не е примарен причинител на болестите врзани за пушењето

Објавено во: Мои пари 26 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

„Филип Морис Интернешнл (ФМИ) е познат по тоа дека е лидер во тутунската индустрија. Но денес, многу повеќе, тој е лидер во иновации и истражување. ФМИ во последниве 10 години има постигнато завиден успех благодарение на големите вложувања во развој и наука, но и на  транспарентноста и отвореноста за соработка со научната заедница и регулаторните тела. Повеќе од 430 врвни научници, инженери и експерти работат во ФМИ, а во овие истражувања досега се вложени 7,2 милијарди долари. Со 4600 одобрени патенти и 6300 поднесени патенти Филип Морис денес е 45та компанија по бројот на прифатени патенти во ЕУ“. Ова денес го истакна Д-р Филип Станковиќ на шестиот по ред FMCG самит кој оваа година се одржува онлајн. Д-р Филип Станковиќ е научник кој веќе десет години работи на карактеризација на производи во компанијата „Филип Морис Интернешнал“ во Нојшател, Швајцарија. По потекло од Скопје, после завршените студии, своето образование го продолжил во Америка, како добитник на Фулбрајтовата стипендија. Тоа му овозможило работа во Секторот за истражување и развој на „Филип Морис Интернешнал“ на тема истражување на нови и иновативни производи. Тој е пример како младите луѓе од Македонија може да придонесат за позитивни промени кои би имале влијание на светски рамки.

Овој млад научник на посетителите на настанот им зборуваше за идејата и науката кои стојат зад новите алтернативни бездимни производи на Филип Морис, чиј предводник е IQOS.

„Примарно токсичните и канцерогени супстанци во тутунскиот чад, а не никотинот се главните причинители на болестите и смртноста. Никотинот предизвикува зависност и не е без ризик, но тој не е примарен причинител на болестите врзани за пушењето. Никотинот е во срцето на проблемот, но тој е и во срцето на решението. Токму во оваа насока ние видовме можност за развој на нови производ. Бидејќи беше познато дека кај цигарите температурата на согорување е 800 степени целзиусови  при што доаѓа до создавање на преку 6000 соединенија, од кои огромен дел ги нема во билката и се штетни, научниот пристап е да се постигне ослободување на никотинот кој го бараат пушачите и аромата, но без процес на горење“, рече д-р Станковиќ.

Она што е иновација на ФМИ е принципот на загревање на тутунот без тој да согорува, со што се ослободува вистинскиот вкус на тутун, без чад и пепел, со значително намалена миризба и со околу 95% помалку штетни хемиски соединенија во споредба со цигарите.

Д-р Станковиќ објасни дека новите производи се базираат на наука која ги почитува највисоките стандарди и најсовремените методологии на фармацевтската индустрија и е во согласност со насоките дадени од светски реномираната Американска агенција за храна и лекови. Научниот пристап се состои од 5 етапи – развој на производи, токсиколошка, клиничка, популациска и долгорочна евалуација, а Станковиќ е дел од една помала група научници која се занимава со физичка и хемиска карактеризација на аеросолите на новите производи. Токму благодарение на науката IQOS е и прв електронски уред кој од Американската агенција за храна и лекови доби дозвола да се комуницира како уред кој го загрева, а не го гори тутунот, дека неговата употребата значително го намалува формирањето на штетни и помалку штетни состојки и дека научните студии покажаа дека преминувањето од конвенционалните цигари на IQOS ја намалуваат изложеноста на човечкиот организам на штетни или потенцијално штетни состојки.

„Доколку еден корисник продолжи да користи конвенционални цигари ризикот од заболувања постојано се зголемува. Доколку тој во еден момент престане, ризикот почнува полека да опаѓа. Со користење на алтернативи кои се  научно докажани дека имаат помала емисија на штетни и ппотенцијално штетни супстанци, корисникот го намалува ризикот“, заклучува д-р Станковиќ.

FMCG самитот e најголем трговски настан во Македонија, кој едуцира, информира и ги обединува професионалците од секторот. Самитот се одржува еднаш годишно и секоја година има над 400 посетители, а е во организација на магазинот InStore и Kliker. Оваа година истиот се одржа онлајн.

ПР-објава

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“