Д-р. Лазаров: Вреѓајте колку сакате, јас не сум видовит, но науката кажува-наредната недела ќе имаме полоша епидемиолошка состојба
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2020
Д-р. Лазаров во
својата последна објава посочува дека епидемијата е далеку од природен замор,
напротив, како што појаснува, според науката, во текот на следнава недела ќе
имаме уште полоша и потешка епидемиолошка состојба.
Во постот на Фејсбук, д-р. Лазаров пишува:
Минатата недела
за Фокус имав изјава дека за оваа недела очекуваме 1200 на ден.
Јас не сум видовит ниту измислив топла вода, епидемиологијата научно објаснува
а јас во тоа верувам и почитувам. Наредната ќе биде уште полоша бидејќи ништо
сериозно и драстично не превземаме, убеден сум дека епидемијата е далеку од
природен "замор" по она што го гледам кај моите пациенти, кои се
одличен статистички примерок од повеќе аспекти. И минатата недела, еве и сега,
пцујте и вреѓајте, мислете поинаку, тоа никако не ја менува ситуацијата. Јас
имам обврска да зборувам вистина, простете, на кој не му одговара, нека не ме
чита.