18 Мај, 2024
0.0282

„Да дадеме нешто назад на општеството“,Форбес Самитот заврши со отворање на Дигиталната општествена школа

Објавено во: Мои пари 10 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Инспириран од Ted Talks, но оригинален во секоја смисла на зборот, организаторот на Форбес Самитот под 30 го започна последниот ден со низа интерактивни дискусии под мотото “Bed Talks” ( Разговори во кревет). Имено новинарите од Форбес интервјуираа низа инспиративни луѓе од Европа кои се залагаат за подобрување на општеството низ иновација и технологија, разговорите се водеа на неколку сцени сите уредени како спална соба. Подобрување на образовните стандарди и значењето на формирање на неформално образование, подобрување на енергетската ефикасност низ смарт сити програми, развој и раст на економската стабилност низ програми за growth hacking, подобрување на родовата еднаквост, правата на маргинализираните заедници, намалување на сиромаштијата се само дел од темите кои беа на панел дискусиите.


По завршувањето на утринскиот блок, а воедно како што е традиција на сите Форбес Самити, учесниците беа дел од создавање на општествено добро во земјата домаќин. Холандија овојпат тоа го направи преку инволвирање на учесниците од “Форбес 30 под 30“ на настанот за отворање на првата Дигитална општествена школа во Амстердам. Оваа школа иако спаѓа во групата на неформално образование е покрената на иницијатива на Факултетот за дигитални медиуми и креативни уметности и Универзитетот за применети науки во Амстердам, како одговор на потребата за вклучување на онлајн часови, вебинари, интерактивни семинари, едукативни сесии итн. како дел од формалното образование. Оваа школа е бесплатна и е отворена за сите кои сакаат да се вклучат без разлика на возраста.


Ова може да биде мотивација и за Факултетите во Македонија,и се надеваме дека во наредните неколку месеци и Македонија ќе добие Дигитална општествена школа.

Како што крајот го краси делото, така и Форбес го заврши овој Самит со спектакуларна забава и 360 поглед од највисоката зграда во Амстердам ( A’DAM Tower) .


За Фактор од Амстердам,

Аријана Коскарова ( Creative Hub) 


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата