26 Ноември, 2024
0.0287

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

Објавено во: Македонија 17 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Почитувани наши, топлиот бран кој особено од викендот ќе ја зафати нашата територија, позначително ќе ја загрее Атмосферата и ќе ја исполни со енергија. Од друга страна пак, повторно ќе бидеме под влијание на циклон од западна Европа, објави метеорологот Славчо Попоски.

Токму ова од сабота кон крајот на денот и во текот на ноќта кон недела, па се до речиси крајот на следната работна недела ни следува нов период на многу нестабилно време со честа појава на локален пороен дожд, грмежи, силен ветер и со појава на невреме.

Локално можна е појава и на посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој би можел да услови локални поројни поплавувања, бурен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на покрупен град. Секако дека во ваква ситуација се можни и штети, па токму поради ова апелираме на крајна внимателност, особено при појава на силни електричниу празнења, да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја.

Температурите од викендот, како и во почетокот на следната недела позначително ќе се покачат и ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие би можело да се искачат  и до околу 31-32 степени. Во Скопје температурата за време на овој топол бран ќе се искачи до околу 30-31 степени, но и во Скопскиот регион од сабота навечер и ноќта кон недела следува нов период на нестабилно време со честа појава на врнежи, грмежи и локална појава на невреме“, објави тој.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик