26 Април, 2024
0.0305

ДА НЕ СЕ МЕНУВА ДАНОЧНАТА ПОЛИТИКА, А ВАЖНИТЕ ЕКОНОМСКИ ЗАКОНИ СЕКОГАШ ДА СЕ НОСАТ ВО КОНСУЛТАЦИЈА СО БИЗНИСОТ

Објавено во: Економија 29 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Секогаш кога има криза, а во моментов се неколку истовремено, по правило постои голема неизвесност за иднината,а тоа многу го отежнува работењето на фирмите.

За да му се помогне на приватниот бизнис-сектор иза да можат фирмите подобро да ги планираат своите активности за излез и за спас од кризата, треба да се обезбеди колку што е можно поголема предвидливост на условите за работење.

Имајќи го предвид сето ова, како и важната улога на даночната политика, Стопанската комора укажува на потребата:

-  во наредниот период од две-три години да не се менува даночната политика, да не се зголемуваат даночните стапки и да не се менува начинот на оданочување;

-  навремено да се врши враќањето на данокот на додадена вредност;

-  навремено да се сервисираат обврските на јавниот спрема приватниот сектор.

Притоа, ако државата има потреба од повеќе пари во својот буџет, нив треба да ги обезбеди преку намалување на сивата економија.Значи, да се наплаќа од оние кои избегнуваат да ѝ платат на државата, а не да се зголемуваат даноците за оние кои редовно си ги извршуваат финансиските обврски спрема неа.

Во оваа прилика сакаме повторно да укажеме и на потребатазаконите кои се од особена важност за деловното работење секогаш, без исклучок, да се носат во рамките на еден транспарентен и инклузивен процес.

Тоа значи дека мора да престане носењето важни економски закони без консултација со бизнисот, затоа што така се пропушта шансата да се изберат најдобрите законски решенија, со кои најмногу ќе се придонесе за развој на македонската економија. 


Усвоен материјал на седницата на УО на Комората (извадок за две прашања –стабилна и предвидлива даночна политика и законите да се носат во консултација со бизнисот)

ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕДЛОГ-МЕРКИ ВО СОГЛАСНОСТ

СО ДЕФИНИРАНАТАСОСТОЈБА СО МУЛТИКРИЗАТА

Врз основа на дефинираната група прашања за кои компаниите бараат решение, а кои беа детектирани преку повеќе активности што ги реализираше Стопанската комора на Северна Македонија во изминатиот период, и врз основа на направените анализи и на предлозите на бизнисот, формулирани и структурирани во предлог-мерки на начин кој ќе биде лесно применлив и ќе значи ублажување на последиците за компаниите, во насока на одржување на ликвидноста и на конкурентноста на домашното стопанство, се предлага следното:

1. Во наредните две-три години да не се менува даночната политика (стапки на данок на добивка, данок на личен доход и ДДВ), навремено да се враќа ДДВ и навремено да се сервисираат обврските на јавниот спрема приватниот сектор, за да не се создаваат дополнителни оптоварувања во работењето на компаниите и за да се обезбеди повисок степен на сигурност за бизнисот.

Бизнис-секторот предлагапотребата од обезбедување приходи во буџетот да се надомести со намалување на сивата економија и со одредени јавни давачки, кои нема директно да се одразат врз зголемувањето на трошоците на фирмите, односно нема значајно индиректно да влијаат врз нивните трошоци преку натамошно зголемување на цените.

2. Да престане носењето закони без консултација со бизнисот,а законите кои се од особена важност за деловното работење, без исклучок, да се носат во рамките на транспарентен и инклузивен процес. Последното е со цел да се избегнат ситуации како на пример со Законот за работните односи, за кој во претходните три месеца двапати беа иницирани измени и дополнувања по скратена постапка во собраниска процедура, без консултација со деловната заедница.

Следува изјавата


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија