Дали Ахмети бил повикан да сведочи во Хаг?
Објавено во: Македонија 22 Јули, 2020
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е повикан како сведок од Специјалниот суд во Хаг, пишува порталот insajderi.com. Порталот дознава дека Ахмети бил повикан пред извесно време - дури и пред да се одржат парламентарните избори во Македонија.
Но, според истиот извор, Ахмети одби да патува за време на кампањата и побара неговото сведочење да се пролонгира до денот после изборите.
Сега, откако изборите завршија, се очекува тој да замине во Хаг за да биде сослушан во Специјалното обвинителство.