Дали Ана Брнабиќ ќе живее во вилата на Јованка Броз?
Објавено во: Балкан 11 Октомври, 2020
Некои претставници од дипломатските кругови за српски Данас тврдат дека „со оглед на фактот дека објектот е реновиран и дека се инвестирани големи средства во него, тој секако ќе го користат државните службеници, најверојатно премиерката Ана Брнабиќ“.
Брнабиќ, која неодамна го освои својот втор мандат како премиер, кон крајот на август изјави дека постои можност во вилата на Јованка Броз да биде новиот премиер, нагласувајќи дека „Владата ќе одлучи за тоа, во согласност со потребите, јас не одлучувам за тоа“.
Брнабиќ има стан на Дедиње, во близина на Белиот дворец, со површина од 328 квадратни метри, што го купила во 2014 година, вреден 490.000 евра и „дел од купопродажната цена го отплатила од кредит“.
Куќата со површина од 750 квадратни метри во улица „Кнеза Александар Караѓорѓевиќ“ 75 припаѓа на „државните репрезентативни згради“, но со години се распаѓа.
Реновирањето на зградата, чие официјално име е Вила Бор, започна лани на сметка на државата.