06 Мај, 2024
0.0241

ДАЛИ БЕЛГРАД ЌЕ ЗАЛИЧИ НА СКОПЈЕ: Ќе градат многу споменици и фонтани

Објавено во: Балкан 30 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Во следните неколку години во Белград ќе бидат изградени 54 фонтани и секоја од нив ќе претставува мало уметничко дело. 

Одделни фонтани ќе имаат и скулптури и дека тие ќе бидат лоцирани на места кои сега изгледаат напуштено, како што се кружните текови во Нов Белград, Богословија и Топчедарска ѕвезда, Мањеж, Савскиот плоштад, Автокоманда итн.

Ова го најави денеска менаџерот на градот Белград, Горан Весиќ.

„Фонтаните ќе имаат неправилен облик и ќе бидат поставени во парковите, на платоа, на плоштади, крстосници… Некои ќе бидат мали, а некои ќе чинат 10.000, 20.000 евра. Но ниту една нема да биде со големина како онаа на Славија, поради малиот простор“- изјави Весиќ за весникот „Политика“.

Според Весиќ, бројката од 54 фонтани не е произволно избрана, туку за толку локации е утврдено дека ги исполнуваат условите за градски фонтани и за нив се добиени дозволи од надлежните институции.

Иницијативата за изградба на 54 фонтани во Белград ја даде српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Минатата година на плоштадот Славија беше изградена Музичката фонтана, која има 800 метри квадратни водена површина, 350 млазеви и над 400 рефлектори во боја, а нејзината изградба чинеше 1,8 милиони евра.

Покрај фонтаните, од 2014 година се реализира проектот „Белград на вода“, инвестиција вредна 3,5 милијарди евра, а веќе се почнати четири деловни згради, вклучувајќи го најголемиот трговски центар во регионот, кула од 122 метра, дел од хотелскиот комплекс, станбени објекти.

Паралелно, во Белград се подигнуваат и споменици. По поставувањето на споменикот посветен на кинескиот филозоф Конфучие на Нов Белград, на рускиот цар Николај, на Гаврило Принцип и на мајорот Тепиќ, идејата за нови споменици зема замав со иницијативата за подигнување споменик на Слободан Милошевиќ од страна на Социјалистичката партија на Ивица Дачиќ, за што се води остра полемика дали неговиот лик и дело заслужуваат обележје. Белграѓани се уште чекаат на веќе донесената одлука за подигнување споменик на убиениот премиер Зоран Ѓинѓиќ, за кој е веќе изработен проект. Споменикот, кој требаше минатиот месец да биде подигнат во Студентскиот парк, доцни, а ќе биде во форма на стрели високи шест ипол метри, во бело сребро, а ќе има звучна инсталација од која ќе се слушаат зборовите на Ѓинѓиќ и звуци на градот.

Можеби ќе ве интересира

ХРВАТСКА: Убиена е жена, уапсен е член на семејството

ХРВАТСКА: Убиена е жена, уапсен е член на семејството

ТРАГЕДИЈА ВО АЛБАНИЈА: Поради семејно насилство мајка со трите деца се фрлила вo река

ТРАГЕДИЈА ВО АЛБАНИЈА: Поради семејно насилство мајка со трите деца се фрлила вo река

ДИЈАНА ЃОКОВИЌ, МАЈКАТА НА НОВАК ЈА ПРОМЕНИЛА ВЕРАTA: Родителите не ме учеа да верувам во Бога

ДИЈАНА ЃОКОВИЌ, МАЈКАТА НА НОВАК ЈА ПРОМЕНИЛА ВЕРАTA: Родителите не ме учеа да верувам во Бога

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари