ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор
Објавено во: Македонија 28 Март, 2024
Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска вечерва во „Само Интервју“ на Канал 5 на прашањето дали би одела на гробот на Енвер Хоџа како лидерот на Левица, Димитар Апасиев рече дека очекувала такво прашање и размислувала што да одговори.
Таа објасни дека не го избегнува прашањето.
„Зошто јас да го посетувам гробот на Енвер Хоџа? Зошто мене ме врзувате? Јас не сум член на Левица, не сум ја донела таа одлука таму“, вели Ванковска.
Таа рече дека само може да препоставува зошто тоа е така и не може да елаборира.