07 Мај, 2024
0.0247

Дали цените на нашите горива го следат падот на светските берзи - Бислимовски вели: поевтинуваме соодветно

Објавено во: Економија 11 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Откако цените на нафтата драматично паднаа пред два дена, достигнувајќи исторски најголемо намалување во последните 20 години, се постави прашањето дали намалувањето на цената на бензините што се случи во понеделникот, е соодветно на падот на цените на светските берзи. 

Како што е познато, на 9 март годинава цените на светските берзи се намалија за 31 отсто, како резултат на паниката од коронавирусот, со тоа што нафтата од типот брент дојде до 31,43 долари за барел, додека суровата нафта падна на 30,07 долари.

Од друга страна, пак, во понеделникот нашата Регулаторна комисија за енергетика ги намали цените на горивата за 3,42 проценти, односно по два денари за бензините и за по денар и половина за дизелот и екстра лесното масло за домаќинствата.

Дали намалувањето е соодветно, Фактор го праша првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. Тој вели дека регулаторите ги определуваат цените во секој понеделник, односно еднаш неделно, врз основа на случувањата на светските берзи во претходната недела. 

„Значи, во текот на минатата недела, се до четвртокот, цените на нафтата беа стабилни. Всушност, големото намалување се случи во петокот, и тоа секако е вклучено во нашата најнова одлука за одредување на цените. Или, конкретно, доколку не се случеше намалувањето во петокот, цените на горивата ќе се намалеа само по половина денар, но поради тоа намалување, цените беа намалени за два денари кај бензините, и за денар и половина кај дизелот и екстралесното масло за домаќинствата“, објаснува Бислимовски.

Според него, наредната одлука за цената на горивата РКЕ ќе ја носи во понеделник, на 16 март, и во неа ќе бидат земени предвид движењата на цените на светските берзи во текот на оваа недела, што значи дека тие ќе се ефектуираат во новите цени. 

„Какви ќе бидат новите цени во понеделник, ќе зависи од тоа како се движат цените на светските берзи оваа недела. Еве, од вчера цените повторно почнаа да растат, па треба да се види дали ќе се стабилизираат, или ќе продолжат да паѓаат, и се ќе зависи од тоа“, вели Бислимовски.

Првиот човек на РКЕ потенцира дека во последните две недели, со нивните две последни одлуки, цената на бензините е намалена за 5 денари, односно за 9,8 отсто, а цената на дизелот за 4 денари, односно за 8 проценти.

Од почетокот на оваа година, пак, донесени се 10 одлуки за цените на нафтените деривати, од кои осум се за намалување.

„Никој не знае како ќе се движат цените на нафтените деривати во наредниот период, да го знаев тоа, јас ќе бев најбогатиот човек“, вели Бислимовски.

Во овој момент цената на брент нафтата е 37,2 долари за барел, што е пораст за 7,68 отсто во споредба со пред еден месец. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката