Дали Џорџ Мајкл се самоубил - Обдукцијата не дава јасни резултати
Објавено во: Свет 02 Јануари, 2017
Извршената обдукција врз телото од познатиот пејач Џорџ Мајкл по првиот преглед не дала јасни резултати од кои може да се утврди вистинската причина за неговата смрт.
Како што пренесува The Sun, oд полицијата рекле дека биле спроведени дополнителни тестови чии резултати ќе пристигнат за неколку недели.
Неговиот партнер Фенди Фауаз на Твитер напиша :“Jас бев со него во врска, се додека не го пронајдов мртов во креветот. Единствена работа која Џорџ ја сакаше беше да умре. Неброено пати се обиде да се самоубие… И конечно успеа“.
Во првичните вести за смртта на славниот пејач, како можна причина се наведуваше срцев удар.