25 Ноември, 2024
0.0279

Дали е потребен и рамковен буџет?

Објавено во: Колумни 15 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Во последно време сведоци сме на фактот дека во медиумите на Албански јазик започна да се актуализира и третира и економската позиција на Албанците во Македонија. Ова, треба да признаеме, без причина, се прави со многу доцнење и на упростен начин. Три фактори треба да се земат во предвид кога ја третираме позицијата на Албанците во домашната економија. Тие се: моделот на приватизацијата на општествениот капитал, кој беше прифатен и применет во Македонија, девизните дознаки кои Албанците секоја година ги носат во Македонија, работејќи во странство и учеството на Албанците во распределбата на буџетските средства како и нивното учество во управувањето и користењето на капиталот на јавните претпријатија кои се во сопственост на државата. Применетиот модел на приватизација ги фаворизираше работниците кои и во тогашниот систем беа вработени во општествените претпријатија, додека учеството на Албанците во овие претпријатија беше симболично. Законот, исто така, им даде можност на раководните структури на претпријатијата, користејќи ги слабостите и нејаснотиите во законот, кои не биле ненамерни, да ги пренесат во нивна сопственост овие претпријатија. Во овие управувачки структури, исто така, се знае дека немало ниеден Албанец од кога постои оваа држава. Со исклучок на колективните и националните права (службеното користење на албанскиот јазик, националните симболи и соодветното застапување на Албанците во државната администрација), прашањето околу исклучувањето на Албанците од процесот на приватизацијата, кое исто така и припаѓа на сферата на економијата, е единственото прашање за кое може да се каже дека било предмет на третирање и дебати од страна на албанските политички фактори, но за жал – постфестум. Еден македонски аналитичар на финансиските и монетарните прашања, пред извесно време со право заклучува дека приватните дознаки од странство ја спасуваат Македонија, тие се како крвта во човечкиот организам и без нив државата ќе доживееше колапс преку ноќ. Почнувајќи од 1999 година, кога од овој извор во државата пристигаа околу 400 милиони евра, во годините кои следеа овие средства бележат постојан раст. Од 2000 до 2006 година вкупната сума на девизните дознаки стигна 4 милијарди 360 милиони евра. Во 2007 година се постигна рекордна сума од 1 милијарда и 12 милиони евра, во 2008 се бележи минимален пад на 980 милиони евра, за во 2009 година да се забележи една рекордна сума од 1 милијарда и 14 милиони евра. Од овие податоци се гледа дека во периодот 1999 – 2009 во Македонија стигнале 7 милијарди и 776 милиони евра. Најголем број од дознаките се од Албанците Тоа што ниедна од надлежните институции на државата не сака и не дозволува да се дознае е дека најголемиот дел од овие девизни приходи ги носат Албанците кои се на привремена или трајна работа во странство. Овој факт, односно дека поголемиот дел од парите доаѓаат од Албанците, јас само еднаш сум сретнал да го спомене ММФ во 2006 година, додавајќи дека повеќе дознаки доаѓаат од земјите од Западна Европа, додека постојано се намалуваат дознаките од Австралија и Канада, каде повеќе емигрираат Македонците. Имајќи предвид дека трговскиот дефицит е фактор кој го намалува бруто домашниот производ, додека девизните дознаки од физичките лица на директен начин го зголемуваат истиот, јасно се гледа чија е заслугата за зголемување на бруто домашниот производ – на Владата која толку многу се гордее или на Албанците кои работат во странство и нивната заработка ја носат во родниот крај. Со овие девизни дознаки, исто така, во голема мера се покрива трговскиот дефицит кој во 2011 година стигна до 2 милијарди и 500 милиони евра и кој во последните години бележи постојан раст, додека премиерот тврди дека „нашиот трговски дефицит е позитивен„ што претставува едно апсурдно тврдење. Барањето, Албанците својот дел од буџетот да го земат на правичен начин создавајќи посебен буџет кој ќе биде одобрен од Собранието во услови кога се знае дека Македонија и со Уставот донесен после Охридскиот договор остана унитарна држава, што подразбира и унитарен економски систем, практично е невозможно. Но, ова никако не подразбира дека е невозможно правична поделба, не само на буџетските средства туку и правичното и соодветно учество на Албанците во управувањето и користењето на потенцијалите на јавните претпријатија кои директно или индиректно ги контролира Владата по основ на надлежностите кои и припаѓаат со Устав и закон. Имајќи го предвид фактот дека Албанците во минато и сега, значи како во стариот систем така и во транзицијата, биле исклучени од користењето на природните и општествените богатства и доколку постои политичка волја на политичките субјекти на власт ќе треба уште многу време и напор за да се постигне целта на правично учество на Албанците во овие богатства кои и на ним им припаѓаат. Потребни се многу истражувања и емпириски анализи за да се открие колку е учеството на Албанците не само во буџетот на државата, туку, исто така, што е многу битно, во создавањето на бруто домашниот производ. Имајќи ги предвид некои специфични околности за кои треба повеќе простор за елаборација, има основа да се тврди дека ова учество на Албанците не само што не е мало туку сигурно дека е многу поголемо од учеството во вкупното население на Македонија. Кога станува збор за распределбата на буџетските средства, ситуацијата е многу појасна и полесна. Најголемиот дел од буџетот е наменет за платите на вработените во државната администрација, образование и во социјални трансфери. Ова значи дека овие средства зависат од бројот на вработените во овие сектори. Слична е ситуацијата и со материјалните трошоци и услуги. Социјалните фондови, фондот за здравство и пензискиот фонд се финансираат врз основа на принципот на солидарност на сите граѓани, додека бројот на корисници зависи од фактичката состојба на бројот на пензионери и болни лица. Зголемување на капиталните инвестиции во западна Македонија Тоа што бара внимание, напор, капацитет и политичка волја на политичките субјекти на власт е прашањето на јавните инвестиции од буџетот и другите извори кои ги обезбедува и ги гарантира државата како и намената на средствата кои државата ги обезбедува во вид на кредити од странство и кои во иднина треба да се вратат од буџетот. Последиците на дискриминацијата на Албанците во оваа област во минатото и сега се видливи. Тие објективно не е можно да се надминат и избегнат еден долг период. И таа општинска инфраструктура која постои во регионите населени со Албанци во минатото била финансирана од самите жители, како што се локалните патишта, основните училишта, водоводите, амбулантите, трафостаниците, додека во другиот дел од територијата на државата биле финансирани од страна на државниот буџет. Токму оваа дискриминација и голема долгогодишна неправда, денес може колку толку да се омекне, доколку државата се одлучи еден подолг период во иднина во регионите населени со Албанци од државниот буџет да инвестира не 25% туку можеби и до 50% од буџетските средства наменети за капитални инвестиции. Но дали има надеж дека ова може да се случи? Без повеќестран притисок слободно може да кажеме – не. Особено ако се има предвид што се случува последните две години во Скопје. За еден краток период, помалку од 2 години, од буџетот, кој се полни и од Албанците се инвестираа стотици милиони евра во објекти поставени на пола квадратен километар во центарот на Скопје, додека, од друга страна, да споменеме еден флагрантен пример, не се доделуваат средства за изградба на објектите на Државниот тетовски универзитет каде изградбата започнала уште во 2006 година. Кој може јавно да го правда факот дека по приоритетно било изградбата за една година на музејот на ВМРО, триумфалната порта, новиот театар, многуте бронзени споменици, итн. Кога велиме дека ова неоправдана, неразбирлива и неприфатлива пракса не се прекинува без притисок, првенствено мислиме за албанските учесници во власта. Но, досегашното искуство покажува дека ова не е доволно. И од моето лично искуство можам да сведочам дека македонските партии на власт, без исклучок, не попуштаат кон барањата на Албанците без притисок од страна на претставниците на странскиот фактор. Џевдет Хајредини авторот е економски аналитичар,  поранешен министер за финансии

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.