Акционерите на Комерцијална банка на слатки маки! НА ШТО ПОДЕЛИЈА 80 МИЛИОНИ ЕВРА?
Објавено во: Финансии 12 Април, 2025 12:25
Домашните акционери на Комерцијална банка ќе поделат 45 милиони евра дивиденда, а Ванчо Чифлиганец поточно неговата „Адора Инжинеринг“ како најголем акционер ќе добие 7,25 милиони евра награда (т.е. дивиденда)
Комерцијална банка ја имаше најуспешната деловна година во својата 70 годишна историја и тоа е апсолвирано во повеќе наврати. За распределба имаа 80 милиони евра добивка што банката ја оствари во 2024 година, најголема досега.
Што направија акционерите со овие пари?
Бројните акционери на „Комерцијална банка“ кои одлучуваат за тоа на што ќе се расплредели добивката беа на слатки маки. Очекувано најголем дел од парите отидоа во дивиденда. Станува збор за 57 отсто од целата нераспределена добивка. Односно во пари тоа се повеќе од 46 милиони евра. Овие пари ќе ги поделат (секако не линеарно н.з.) повеќе од 6.600 акционери (ако нема драстични промени во книгата на акционери на денот на пресек идната седмица н.з.).
Според последните актуелни податоци од базата на Централниот депозитар за хартии од вредност Комерцијална банка има над 6.270 акционери домашни физички лица. И над 300 домашни фирми или други видови правни лица. Акционери се и над 10 странски правни лица и околу 80 странски државјани. Странците поседуваат 2 отсто од акциите.
Генералниот заклучок е дека 98 отсто од парите наменети за дивидена ќе останат во Македонија затоа што толкаво е учеството на домашните акционери.
Тука вреди да се истакне и тоа дека акционерите не мислат само на дивиденда туку и на стабилноста и сиурноста на бизнисот во кој вложуваат. Од ланската добивка тие издвоија над 31 милиони евра за резерви. Односно 10 милиони евра повеќе од тоа што за резерви на банката го издвоија од добивката за 2023 година. Тоа е околу 40 отсто од нераспределената добивка.
Ако овој параметар се спореди со издвоената резерва на собранието лани се заклучува дека политиката за издвојување резерви е конзистентна. А тоа е важен сигнал за стабилноста и сигурноста.
Воедно овој деловен потег укажува уште една важна работа. А тоа е дека менаџментот на најголемата деловна банка не антиципира значајни деловни осцилации во годинава што претстои. А и нема зошто кога се знае колку е добро капитализирана банката и покрај тоа што постојат глобално, особено од политичко-безбедносен аспект, бројни неизвесности.
И на крај треба да се спомене дека во рамки на своите деловни активности банката за годинава издвојува нешто над 2,6 милиони евра од добивката за инвестирање во деловните процеси.
Р.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





