17 Јануари, 2025
0.0355

ДАЛИ ГО ЗНАЕТЕ ОВА ЗДРУЖЕНИЕ: Кој ги донира новите споменици во Скопје?

Објавено во: Македонија 14 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Поставувањето на пет нови споменици во Скопје доби зелено светло од градските советници. Но, за опозицијата, спорен е донаторот, извесно „Здружение за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија“ - Скопје, за кое нема повеќе информации кој и зошто го формирал. „Кое е ова здружение? За него успеавме да дознаеме само дека е регистрирано во 2007 година ,според податоците во Централен регистар, а со адреса на „Партизански одреди“. Нема податоци за никакви активности. Од каде се финансира? Кое е потеклото на парите за овие споменици? Ако се земе предвид цената на споменик како што е тој пред Соборен храм изработен од академик Томе Серафимовски, ќе добиеме сума од еден милион евра, пари што наводно некој ги донира на Градот. Но кој е автор, чии дела поставуваме во центарот на градот?“, праша Дамјан Манчевски, советник од СДСМ. И раководителот на Секторот за урбанизам во Град Скопје и самиот на седницата призна дека не му е познат донаторот на спомениците. Одлуката за поставување на спомениците беше изгласана со 23 гласа за и 14 против, а против овојпат гласаа и советниците на ДПА. Споменикот на генерал Михајло Апостолски ќе се издигне на кружниот тек кај хотелот Континентал, на Никола Русински ќе биде поставен на аголот меѓу Универзитетската библиотека и МОБ, на другиот дел од аголот кон Судска палата ќе се смести споменикот на Пере Тошев, отспротива кај Судот ќе биде поставено спомен-обележјето на Андон Ќосето, а на Ѓорѓи Сугарев ќе се наоѓа кај Универзитетскиот комплекс. Највисок од нив ќе биде споменикот на генерал Апостолски – 10 метри, додека останатите ќе бидат високи по 8,5 метри.  

Можеби ќе ве интересира

ЛА НИЊА НА НАЈЈАКО: Студ и снег ќе имаме и во следните месеци, можна појава на снег дури и во април!

ЛА НИЊА НА НАЈЈАКО: Студ и снег ќе имаме и во следните месеци, можна појава на снег дури и во април!

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс