ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!
Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2025
На детската
клиника има уште еден смртен случај. Деветгодишно дете починало пред два дена,
откако во тешка состојба било донесено од штипската Клиничка болница.
Во Клиничката болница било донесено на 14 јануари, информираат денеска преку пишано соопштение од Клиничка болница-Штип.
– Детето е донесено на Одделот за детски болести во ЈЗУ Клиничка болница -Штип на 14 јануари во 18 часот во тешка општа состојба со засегната свест. Веднаш се реализирани биохемиски иследувања и КТ на глава и поради тешката состојба со медицинска придружба во 19 часот истиот ден детето е транспортирано до УК ДБ-Скопје, се вели во соопштението од Клиничка болница-Штип.
Инаку, според информациите од Клиничка болница-Штип, деветгодишното дете кое почина на Клиниката за детски болести во Скопје е од Општина Свети Николе.
Директорот на Клиниката за детски болести, Реџеп Мемеди вели дека детето било донесено од штипската болница во многу тешка, неповратна здравствена состојба.
Претходно било болно, било дехидрирано и имало цревна инфекција.