05 Мај, 2024
0.0240

Дали Грците намерно пропуштаат детали за идното решение на името?

Објавено во: Балкан 08 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Поголемиот дел од грчките мејнстрим медиуми во последниот период сосема коректно известуваа за македонско-грчкиот спор за името, но во последно време се почесто „протекуваат“ информации со значајни детали за можното решение како и за разговорите меѓу двете земји под посредништво на олеснувачот од ООН Метју Нимиц.

Сложено име со одредница во кое е содржан треминот Македонија, но напишано на македонски јазик без превод на другите јазици, во грчкиот печат се споменува како можно решение за долгогодишниот проблем што го има Грција со нашето уставно име.

Овој пат, главна додавка на името според грчките медиуми е „Нова“ што исто така може да се смета како пробен балон за да се види како би реагирала на такво решение пред се грчката јавност, односно се опипува теренот пред евентуалното конечно решение. 

Премиерот Заев и во интервју за грчката телевизија Алфа е убеден дека решение на спорот за името ќе има до јули годинава, а за одредени прашања кои ќе и помогнат на Грција да стекне доверба во неговото искрено пријателство е подготвен да размислува, како на пример промена на името на скопскиот аеродром Александар Велики. 

Политичарот Панос Каменос, во четвртокот, како што тогаш пренесе МИА, рече дека останува на неговите позиции, потенцирајќи дека „грчкиот термин Македонија е цврста национална позиција“.  

„Нова Македонија“ без превод, како што јавува дописникот на МИА од Атина, веќе извесен период во новинарските кругови во Грција се споменуваше како можен конечен предлог на Нимиц, но без да постои некаква потврда или пак аргумент што би ги оправдал овие тврдења. Сега, изјавата на Каменос беше доволна медиумите во Грција да започнат со анализи и предвидувања.

„Веројатно, за грчката страна, излез би било словенскиот превод на терминот Македонија“, напиша „Катимерини“ по завршувањето на состанокот.

Според извори од Министерството за надворешни работи, грчката страна е позитивна за можно име Вардарска Македонија или Нова Македонија, пишува грчката телевизија Скај на нејзиниот сајт, а при тоа, двете имиња ги објави како што се читаат на македонски, а не преведени на грчки.

Весниците „То Вима“ и „Естиа“ и телевизијата „Антена“, излегоа со слични анализи дека името можеби ќе биде напишано на македонски, без превод на други јазици.

„То Вима“, повикувајќи се на свои извори, пишува дека името можеби нема да  содржи географска одредница и можеби би било напишано на кирилица. Во тие рамки, според весникот, е и името „Нова Македонија“.


Можеби ќе ве интересира

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

ПРЕСУДА ЗА МАСАКРОТ ВО „РИБНИКАР“ МОЖНА Е ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА?! Еве што кажа адвокатот на семејствата на убиените ученици

ПРЕСУДА ЗА МАСАКРОТ ВО „РИБНИКАР“ МОЖНА Е ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА?! Еве што кажа адвокатот на семејствата на убиените ученици

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница