14 Ноември, 2019
0.0188

Дали навистина ќе бидат „бесплатни“ двата хеликоптери за Итна медицинска помош

Објавено во: Финансии 31 Октомври, 2019

На последната владина седница беше објавено дека се обезбедени два хеликоптери за Итна медицинска помош и дека како најповолна понуда за воспоставување јавно приватно партнерство за хеликоптерскиот итен медицински систем (ХЕМС) и хеликоптерските услуги за пребарување и спасување (САР) е прифатена онаа на операторот Сархемс Дооел Скопје. Иако начелно декларациите на Владата се дека услугите ќе бидат бесплатни, а приватниот партнер ќе наплаќа од осигурителните компании, на последниот оглас објавен пред два месеци пишува дека проценетата вредност на договорот кој во случајов ќе трае осум години е 9 милиони евра.

- Нема пари овде од државата, нема трошење, се работи за јавно-приватно партнерство според скандинавски модел кој се шири кон Балканскиот полуостров. Се работи за приватни компании кои што ги нудат хеликоптерските услуги и за здравствени потреби, за пожари, кризи и слично. Наплаќаат и се одржуваат од осигурувањето на лица кое што постои во меѓународното осигурување, најчесто за патници кои што транзитираат во Македонија, најчесто граѓани од Турција. После осум години тие остануваат за државата, а секако тие годишно уплаќаат и одредена сума на државата. Тоа е еден современ модел. Има уште процедури да се дозавршат, но тоа ќе биде една убава новина за нашата земја, изјави премиерот Зоран Заев вчера во Владата.

Најдоцна за шест месеци по потпишување на договорот за јавно-приватно партнерство, компанијата ќе стави на располагање два хеликоптера опремени за давање медицински услуги за прва помош и за пребарување и спасување бесплатно за граѓаните на Северна Македонија, кои најмногу за 15 минути треба да бидат на местото каде што треба да биде извршена интервенцијата.

- Фирмата е формирана овде како застапник на странски компании. Јас не ги знам, знам дека се од Скандинавија и се прошируваат на целиот Балкан. Нивните хеликоптери имаат медицинска опрема и најмногу за 15 минути треба да бидат на местото на интервенцијата. Тоа е сеопфатен модел што многу често ќе значи и спасен живот, ќе значи брза интервенција, брзо лекување при заглавени планинари, пожари. Парите ќе си ги наплаќа преку осигурителните полиси, додаде Заев.

Договорот за ЈПП на приватниот партнер му овозможува да си ги наплати услугите согласно неговиот бизнис модел, а за цело време на траење на договорот има обврска да плаќа надомест за стекнатото партнерство за обавување на оваа дејност во висина од 10.000 евра, во денарска противвредност во Буџетот на Република Северна Македонија.

„Подобрување на животниот стандард и безбедност нa граѓаните на Република Северна Македонија и сите нејзини посетители, намалување на смртноста на лицата кои се жртви на несреќи, подобрени клинички резултати за сериозно повредените, намалено време на транспорт до болница, лекување од страна на специјализирана медицинска екипа на самото место, подобрена достапност на здравствените услуги на високо ниво до поголем дел од населението“, ги набројува предностите Владата за овој проект.

Ваквиот проект Владата го најави пред пет месеци, а најави и дека ќе се изградат капацитети за слетување, односно полетување во повеќе градови во Македонија.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

Која домашна банка ќе му даде кредит на буџетот идната година

Која домашна банка ќе му даде кредит на буџетот идната година

Министрите Мила Царовска и Арбр Адеми имаат најтешко буџетско чекмеџе

Министрите Мила Царовска и Арбр Адеми имаат најтешко буџетско чекмеџе

Германските фирми ја фалат Владата што го замрзна прогресивниот данок

Германските фирми ја фалат Владата што го замрзна прогресивниот данок

Први критики од бизнисот за буџетот, Арсовска прашува - на што базира проекцијата за раст

Први критики од бизнисот за буџетот, Арсовска прашува - на што базира проекцијата за раст

Буџетот идната година ќе тежи 3,9 милијарди евра

Буџетот идната година ќе тежи 3,9 милијарди евра

НОВ СИЛЕН ИГРАЧ ВО НАЈАВА - Големи прегрупирања на банкарската сцена

НОВ СИЛЕН ИГРАЧ ВО НАЈАВА - Големи прегрупирања на банкарската сцена

ФИНАНСИИ СЕ ПРАВДА - од прогресивниот данок се собраа за 51,2 отсто пониски приходи од потенцијалот

ФИНАНСИИ СЕ ПРАВДА - од прогресивниот данок се собраа за 51,2 отсто пониски приходи од потенцијалот

МОЌЕН БАНКАРСКИ БРЕНД НА ПАЗАРОТ - Шпаркасе ја купи Охридска банка

МОЌЕН БАНКАРСКИ БРЕНД НА ПАЗАРОТ - Шпаркасе ја купи Охридска банка

Каевски: Парите за спортските објекти се намалени поради Охридскиот базен

Каевски: Парите за спортските објекти се намалени поради Охридскиот базен