Дали навистина се пола - пола шансите за решение на името?
Објавено во: Балкан 23 Април, 2018
Потпретседателот на грчката партија Нова демократија, Костис Хаѕидакис во интервју за радиото на грчката новинска агенција, „Практорио фм“ вели дека пола-пола се шансите за решение на прашањето со името според информациите што протекуваат од грчкото МНР.
„Од самото Министерство за надворешни работи протекува дека шансите веќе се 50-50, додека пак до неодамна министерот беше хипер-сигурен дека ќе донесе одлично решение. Ние јасно имаме кажано, особено по последните изјави од страна на ПЈРМ, дека решението за Скопјаните нема да е ерга омнес, дека веќе се поставува едно суштинско прашање во врска со преговорите' - изјавил Хаѕидакис, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Хаѕидакис смета дека „работите не се едноставни“ во преговорите за името.